Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Муцунски: Пет проценти од БДП за одбраната е севкупна инвестиција во безбедноста

Шеталиште 27/06/2025 11:35
Timco Mucunski

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, изјави дека определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата.

-Одиме кон пет проценти, за да немаме потреба некогаш да одиме кон 30-40 проценти, како што трошат некои држави кои имаат конфликти на својата територија, изјави Муцунски, додавајќи дека средствата ќе опфатат не само воена модернизација, туку и инвестиции во инфраструктурата, сајбер безбедноста, па дури и иновации и стартап компании.

На прес-конференција на која беше презентирано сработеното во првата година од мандатот на новата Влада, министерот потенцираше дека оваа цел е усогласена со НАТО-стандардите и дека сите земји членки на Алијансата ја поддржуваат стратегијата.

-Не само ние, туку сите земји членки на НАТО. Тоа беше одлука донесена со консензус во рамките на Алијансата. Сите набавки и мерки што ги презема Министерството за одбрана за модернизација на нашата армија ќе се вкалкулираат во тие 5 проценти, рече шефот на дипломатијата.

Дополни дека дека трошоците ќе бидат проширени со аспекти кои досега не биле вклучени во дефиницијата на минималниот праг од 2 проценти. Како пример за тоа ги наведе инвестициите во нато-коридорите, инфраструктурата со стратешко и трговско значење, како и капацитетите за сајбер безбедност.

-Во рамите на овие пет проценти ќе има многу алатки кои ќе ни носат сигурност, но можат да бидат и мерки за стимулирање на домашната економија и за развивање на нови компании, за засилена индустриска база во делот на производство на наменска опрема. Тоа ќе отвори одлични работни места и ќе ја задоволи потребата од диверзификација на производствените капацитет, додаде Муцунски.

Според него, ова се историски, генерациски одлуки, кои ќе останат релевантни и за идните влади и ќе обезбедат долгорочна стабилност под НАТО-чадорот.

Continue Reading

Претходно: Предлог Законот за Судски совет е во владина процедура
Следно: Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

Поврзани вести

klekovski-aliu-696x463
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Шеталиште 14/07/2026 10:25
Elektricen-trotinet
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

Шеталиште 14/07/2026 10:06
20230714091737
  • Македонија

Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња

Шеталиште 14/07/2026 08:53
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 1
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 2
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08
Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет Elektricen-trotinet 3
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

14/07/2026 10:06
Од атинското пристаниште Пиреас секоја година на одмор заминуваат 10,7 милиони луѓе atinabrodcinja 4
  • Балкан

Од атинското пристаниште Пиреас секоја година на одмор заминуваат 10,7 милиони луѓе

14/07/2026 09:22
Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња 20230714091737 5
  • Македонија

Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња

14/07/2026 08:53

Можеби сте пропуштиле

image (9)
  • Фудбал

Вртоглаво растат цените на билетите за финалето на Светското првенство

Шеталиште 14/07/2026 10:35
klekovski-aliu-696x463
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Шеталиште 14/07/2026 10:25
onlajn-pazaranje-pxb-1
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

Шеталиште 14/07/2026 10:08
Elektricen-trotinet
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

Шеталиште 14/07/2026 10:06

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани