Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Му ја фрлала парата на подот зашто не верувал: Чудотворната икона на св. Марена за која сведочи Ристо Крле

Шеталиште 30/07/2026 07:22
20260729221331_big_730x400_81

Култот на света Марена бил силен во западна Македонија за што сведочи и Ристо Крле во својата Автобиографија. Имено тој пишува за еден негов престој во Поградец (Албанија) каде што во тоа време (по Првата светска војна, кога Струга влегувала во составот на Кралството Југославија) живеела сестра му Веселинка со зет му Сандре. Во тој период се одржувал панаѓур кај манастирот на Св. Марена Лнгарка и Р. Крле со сестра му и зет му го посетиле овој панаѓур. Манастирот се наоѓал во близина на пештерата во која се подвизувала светицата.

Р. Крле ја споменува планината Козица и селото Поткожан покрај коешто минале одејќи кон манастирот. Тој сведочи дека во близина на манастирот се наоѓала пештерата, која што имала отвор колку голема двокрилна врата и простор колку голема плевна. На дното од пештерата имало еден тесен отвор низ кој
луѓето се спуштале во една дупка во форма на фурна само многу помала.

„Влезените петшестина души, во малите шишенца собираа вода што капеше како солзи од каменот над главите, додека некој со чеканчиња кршеа коцки од еден бел камен што личеше на голема дервишка капа
(мислам само на висока). На моето интересирање ми рекоа дека водата ја употребувале за доилки на кои има било пресушено млекото, а камчињата исто така за доилки, да не фаќаат зарек од лошите очи.“

Натаму Ристо Крле сведочи и за чудотворната икона во манастирот. „Кога народот си беше разотиден, попладнето сестра ми Веселинка ме поведе во црквата да запалиме свеќи пред чудотворката… Таа ми даде еден лек да ѝ оставам. Од слушање знаев уште како дете во Струга дека кај неа не се оставаат парите долу покрај иконата, туку на самата исправена икона, и од интересирање, го зедов лекот за и самиот да се уверам во тоа. Сестра ми ја запали свеќата и ја стави на шанданот, истото го сторив и јас и со другата што ми ја даде. Правев се онака како што правеше таа. Пред иконата и тука таа се прекрсти и ја целива, а потоа ја подигна раката да го стави лекот. Парата ѕвечна како да ја удри од иконата. И јас ја кренав ракава, но мене не ми ја грабна парата, туку требаше да стежнам за да се залепи, односно застане. Меѓутоа и покрај тоа таа падна и се истркала долу. Го зедов лекот и повторно го допрев односно, притиснав, но тој пак падна. И по трет пат – истото.

Тога сестра ми Веселинка убаво ми се испули и рече:

– Ристе, многу си брату грешен, затоа не ти ја прима.

– Од каде пак јас грешен?! – реков.

– Што те знам јас…. Ајде уште еднаш… само со верба и чиста душа!

– Еве – ѝ се обратив на чудотворката: – Св. Марено златна, од сè срце ти ја давам иако не е моја. Ако си вистинска чудотворка направи ме среќен и дај ми еден вагон со злато…

Тогаш сестра ми го зеде лекот од рака и бесна што јас реков така, ја крена раката да го стави. Верувале или не, таа не успеа ни да го добере лекот до иконата, поправо до даската на која беше ликот на светицата, како од рака да ѝ го грабна и уште посилно плусна.

– Св. Марено прости му на овој грешник, и ако сторил нешто уште е млад и зелен – рече сестра ми Веселинка крстејќи се и одејќи како рак назад сè до излезот на вратата.

Очигледно култот на светата великомаченичка Марена бил многу силен во западниот дел на Македонија особено околу манастирот Свети Наум што нашло место и во живописот во црквите од овој крај, но и во народните преданија. Но во најтоплиот период од годината, на празнувањето на споменот на неколкумината свети великомаченици народот му посветил посебно внимание поврзувајќи го со огнот и со потребата за заштита од пожарите што во овој период од годината не се ретки.

Од Македонско црковно-народен календар

 

Д-р Марко КИТЕВСКИ

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Сончево и многу топло, до 39 степени
Следно: На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 20 минути

Поврзани вести

karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59
bogorodica-granica
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

Шеталиште 08/08/2026 07:57
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 2
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59
Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица bogorodica-granica 3
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

08/08/2026 07:57
ПМФЛ: Шкендија од Арачиново во Чаир одиграа неизвесен натпревар против Силекс aracinovo-1-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Шкендија од Арачиново во Чаир одиграа неизвесен натпревар против Силекс

08/08/2026 07:45
Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 5
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16

Можеби сте пропуштиле

Screenshot 2026-08-08 100519
  • Некатегоризирано

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
toplo1
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Шеталиште 08/08/2026 07:59
bogorodica-granica
  • Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата, се чека по 30 минути на Табановце и Богородица

Шеталиште 08/08/2026 07:57

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани