Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

М-Тел“ Лига: КК Пелистер победи по продолженија но гостите од Скопје, КК Маџари дадоа сериозен отпор

Димитар Петковски 25/10/2025 07:20
pelll madz

Пелистер ја забележа и третата победа во низа од стартот на Супер-лигата, многу потешко од очекувањата откако битолчани по голема битка славеа над Маџари со 101-90.

Конечниот триумф делува убедливо, но беше извојуван по маратонска битка и две продолженија, за на крајот да биде скршен отпорот на гостинскиот состав и „пелистерци“ да го задржат стопроцентниот ефект од стартот на сезоната во македонскиот шампионат.

„Пелистерци“ заспани влегоа во мечот, па гостите од Скопје набрзина стигнаа до водство од 0-8.

Митревски ги постигна првите поени за битолчани, но по серијата од три реализации на Хот тимот на Маџари поведе со 5-15. Тајмаутот на Даскаловски за момент го разбуди Пелистер, следеше серија од осум поени на битолскиот тим, но по тајмаутот што следеше од гостинскиот тренер Маџари повторно влезе во ритам и ја заврши четвртината со 14-25, со тројката на Хот.

Гостите стигнаа и д 14-27 на самиот старт од втората четвртина, Стајиќ и Прајс погодија во серија, но Пелистер се мачеше да се врати во мечот, па тренерот Даскаловски беше принуден да побара нов тајмаут при 25-36 (15. Минута). Прајс погоди уште една тројка, но проблемите на Пелистер продолжија и битолчани заминаа на одмор со двоцифрена негатива од 33-45.

Пелистер подобро го отвори второто полувреме, експресно намалувајќи на 40-46, а потоа и не користејќи два напади за целосно враќање во мечот. „Зелено-белите“ продолжија со далеку подобра игра отколку во првиот дел, намалувајќи и на 51-54, а потоа и на 53-54 по положувањето на Лука Стојановски, по што гостинскиот тренер побара тајмаут. Крстевски од контранапад донесе прво водство на Пелистер на мечот (30. Минута, 59-58), резултат со кој воедно се влезе и во последната четвртина.

„Пелистеци“ набрзина поведоа и со 64-59, но Маџари не се предаде и израмни на 64-64. Повторно дојде до криза во играта на домашниот тим, што гостите од Скопје го искористија за да поведат и во последните три минути да влезат со водсво од 67-71. Стајиќ постигна важна тројка за Пелистер, а потоа по серијата грешки на двете страни Миревски донесе израмнување од 73-73 на една минута до крајот. Двата тима беа непрецизни во завршната минута, па победникот мораше да биде решен со продолжение.

Пелистер беше на чекор до победа водејќи со 83-79 на помалку од 30 секунди до крајот, н гостите постигнаа пет поени за помалку од десет секунди, па „зелено-белите“ од линијата за слободни фрлања преку Дејвис се изборија и за второ продолжение. Отпорот на гостите конечно беше скршен во второто продолжение што беше отворено со серија од 7-0, трасирајќи си го патот до победата изразена со конечните 101-90.

Прајс беше прв стрелец на Пелистер и на овој меч постигнувајќи 24 поени, Вилсон имаше дабл-дабл од 17 поени и 14 скокови, Стајиќ имаше 16 поени, а Брејси Дејвис дабл-дабл од 14 поени и 10 скокови.

Пеколниот ритам на натпревари на Пелистер продолжува веќе в недела, со новиот домашен меч од Супер-лигата во кој за противник ќе го имаме тимот на Феникс.

 

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Пелистер – Маџари 101:90

Ангели – МЗТ Скопје Аеродром 55:78

МКК Куманово – Феникс 2010 99:81

Кожув – Гостивар 73:72

Работнички – Тиквеш Голден Игл 99:87

Чаир 2030 – ТФТ 64:82

 

ТАБЕЛА

1. Пелистер 3 3 0 320:239 +81 6

2. ТФТ 3 3 0 252:206 +46 6

3. МЗТ Скопје А. 3 3 0 246:201 +45 6

4. МКК Куманово 3 3 0 266:231 +35 6

5. Кожув 3 2 1 224:229 -5 5

6. Тиквеш ГИ 3 1 2 238:238 0 4

7. Гостивар 3 1 2 230:240 -10 4

8. Феникс 2010 3 1 2 236:252 -16 4

9. Работнички 3 1 2 237:285 -48 4

10. Маџари 3 0 3 236:260 -24 3

11. Чаир 2030 3 0 3 212:252 -40 3

12. Ангели 3 0 3 203:248 -45 3

 

ДВОЈКИ 4.КОЛО

25.ОКТОМВРИ (САБОТА)

17.00: Тиквеш Голден Игл – Чаир 2030

26.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: ТФТ – Маџари

17.00: Пелистер – Феникс 2010

18.00: Кожув – Работнички (МРТ3)

18.00: МКК Куманово – Ангели

27.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Фото КФМ.МК

Continue Reading

Претходно: Македонија до 17 години за прв пат се пласираа по 2017 година во Елитната фаза
Следно: Дејан Манасков со објава за негово враќање во дресот на македонската репрезентација (Фото)

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
Screenshot_20260508_120921_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

Димитар Петковски 08/05/2026 10:10
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани