Екипата на Спорт тим која е и организатор е вториот финалист на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција, откако победи против Петровски од Битола и воедно се пласира во финалето и ќе игра за победничкиот трофеј против екипата на Вардар денес со почеток од 18:00 часот.
Спорт Тим – Петровски 47-37
Домашните кошаркарки доминираа во првото полувреме од вториот полуфинален меч на турнирот кој се игра во салата „Младост“ во Неготино. Во првиот период поведоа со )13:8), но не зе задоволија со тоа, напротив. Притиснаа уште повеќе, и веќе на полувремето нивната позитива прерасна во двоцифрена.
Домашните кошаркарки водеа со (29:15) по 20.минути од играта. Во третиот период, подобра игра на гостинките од Битола, кој анулираа добар дел од негативата која ја маа на плувремето. И последната четвртина младите битолчанки ја дочекаа со минус од седум поени, (28:35).
Но тоа беше практично се од екипата на Петровски во овој полуфинален натпревар. Во последниот период. Екипата на Спорт тим не само што ја задржа таа предност, туку и ја зголеми, и заслужено се промовираше во втор финалист на турнирот. Димова се истакна во фазата на нападот, реализираше 18.поени, Митановска заврши со 8.поени и дури 19.скока во домашната екипа.
Кај Петровски од Битола: А. Момоковска и Димитровски реализираа по девет поени, Наумовска имаше шест.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ
Натпреварите се играат во салата „Младост“ во Неготино
ПОЛУФИНАЛЕ
Пробаскет – Вардар 46.66
Спорт тим – Петровски 47:37
31.МАЈ (НЕДЕЛА)
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
15.00: Пробаскет – Петровски
ФИНАЛЕ
18.00: Вардар – Спорт тим
*Извештај КФМ

