Навивачите на Ливерпул ги разбудија ѕвездите на Реал во 2 часот наутро (Видео)

0
Споделивања

Вечерва во 21:00 часот се игра првото осминафинале меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, што всушност значи реприза на минатогодишното финале кое се одигра во Париз.

За разлика од тогаш, сега се играат два меча и фудбалските фанови на двата клуба ќе можат да уживаат во атмосферата на домашните стадиони, со тоа што првиот се игра на „Енфилд Роуд“.

Поради тоа, навивачите на Ливерпул се решија да го искористат стариот трик со кој им се посакува „добредојде“ на противниците, па така ѕвездите на Реал добиле утринско будење многу порано од предвиденото.

Верните фанови на Ливерпул режирале пиротехничко шоу и огномет во два часот наутро пред хотелот на Реал Мадрид, по што јасно е дека никој не спиел од играчите во тие моменти.

Според Клоп, токму навивачите на Ливерпул можат да бидат многу важни во оваа елиминациска рунда, бидејќи поддршката од „Енфилд“ во безброј наврати се покажала како клучна за успесите на тимот во Европа.

0
Споделивања
Exit mobile version