Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Навики што може да ги подобрат емоционалните односи на родителот со детето

Шеталиште 15/07/2025 06:25
roditel-dete

Луѓето, поточно родителите честопати, несвесно, пренесуваат штетни и отровни модели на однесување што самите ги искусиле во сопственото детство, но има и позитивни примери. Така, благодарение на напредокот во психологијата и неврологијата, сега знаеме дека постојат неколку клучни навики коишто можат значително да ги подобрат емоционалните односи со децата. Овие навики им овозможуваат на децата да се чувствуваат забележани, разбрани и безбедни, а им даваат на родителите алатки за да изградат поздрава и поповрзана семејна динамика, пишува порталот „Јортанго“ (YourTango). Следат две важни навики што можат да ја зајакнат емоционалната стабилност и меѓусебната доверба на долг рок.

Одговорете со емпатија

Истражувањата покажуваат дека родителската емпатија има позитивен ефект врз емоционалниот и социјалниот развој на детето и ја намалува опасноста од појава нна проблематично однесување. Децата што примаат емпатија од своите родители развиваат поголема отпорност и подобри емоционални вештини.

– Емпатијата е способност да се разбере емоционалното искуство на другото лице, а во родителството, тоа има клучна улога во развојот на безбедна приврзаност. Кога родителите се обидуваат да ги разберат чувствата на детето од нивна гледна точка, тие создаваат врска што придонесува за чувство на прифаќање и поддршка, објаснува психологот Џонис Веб.

Сепак, важно е родителите да бидат свесни за сопствената емоционална стабилност и контрола. Прекумерното реагирање на негативните емоции на детето може да го намали влијанието на емпатијата и да го зголеми емоционалниот стрес кај детето. Урамнотеженото, мирно присуство му овозможува на детето да научи како да се справи со емоциите на здрав начин.

Научете го вашето дете како да се справи со емоциите

На децата им е потребна поставеност и правила коишто јасно им покажуваат какво однесување е прифатливо, но без тоа да ги понижува или казнува. Ова го поттикнува развојот на самоконтрола и одговорност.

– Родителската одговорност вклучува не само разбирање на емоциите, туку и активно учење за Вашето дете како да ги препознава и регулира. Ова значи – да му помогнете на детето да разбере што чувствува и како може да се справи со тие чувства на конструктивен начин. Поставувањето граници со емоционално поддржувачки тон е дел од тој процес, вели Веб.

Родителите кои поставуваат јасни граници на разбирлив, умерен и прифатлив начин, им помагаат на децата да развијат емоционална зрелост и чувство на сигурност. Овој пристап му покажува на детето дека неговите чувства се важни, но дека постојат начини да ги изрази без тоа да биде навредливо и нападно.

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 20 минути
Следно: Љубовта не е доволна, почитта ја одржува врската

Поврзани вести

sladoled-so-lesnici
  • Занимливости

Сметка од 44 евра за два сладоледа предизвика широка дебата за туристичките цени во Рим

Шеталиште 08/06/2026 09:25
TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
20260603083556_big_730x400_16
  • Занимливости

Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите

Шеталиште 03/06/2026 08:39
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани