Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Наградата „Актерот на Европа“ оваа година за битолскиот актер Здравко Стојмиров

Шеталиште 13/07/2025 09:04
IMG_3490

Со доделување на наградите, во Сарајот во Ресен заврши 23-то издание на Интернационалниот театарски фестивал ,,Актерот на Европа“. Според одлуката на жирито во состав: Гоце Ристовски, претседател, Трајче Кацаров и Елена Трајковска, членови, наградата Актер на Европа за годишно остварување му беше доделена на македонскиот актер Здравко Стојмиров, за неговата изведба на претставата „Фетишист” по текст на францускиот писател Мишел Турние, во продукција на Народниот театар Битола.

„Наградата „Актер на Европа“ е една од најзначајните што сум ги добил досега, а воедно и најдрагата.
Отсекогаш било најтешко да бидеш препознаен токму во својата земја, па токму затоа ова признание има посебна тежина и значење за мене. Искрена и длабока благодарност до Фестивалот „Актер на Европа“, до организаторите, до претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш, до публиката, до моите најблиски и до сите што ме поддржуваат. Ви благодарам за честа и за довербата“, изјави Стојмиров.

Завршната вечер ја одбележа и изведбата на претставата „Јелена Савојска“ работена потекст на Марија Сарап, во режија на Зоран Ракочевиќ, со актерката Јелена Ѓукиќ од Црна Гора, која воедно ги понесе наградите за најдобра претстава и најдобар драмски текст. Наградата на публиката ја понесе претставата „Нушиќ лично“, текст и режија Миодраг Илиќ, во продукција на Народниот театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“ од Заечар и Фондацијата „Нушиќ“ од Белград, Србија.

Наградата Жак Лакариер и припадна на претставата „Lebensraum – Експеримент во добрина“, работена по текст на Танасис Триаридис, во режија на Јанис Димакас, од Театарот Теато Парамитиас Теспортиас, од Грција.

Наградата „Млада Европа“ им припадна на Стефан Ѓорчев и Антониј Ѓоргиев Илиоски за улогите во претставата „Сега му е мајката“, работена по текст на Горан Стефановски, во режија на Владо Денчов, и во продукција на „Алтернативен театар Пробатон“, Свети Николе. Наградата за животно дело Актер на Европа му беше врачена на отворањето на фестивалот на легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс. Добиниците на наградата Клучевите на Преспа оваа година се, еминентниот британски професор на Оксфорд, Џемс Петифер, автор на „Езерата и империите во македонската историја“ и проф. д-р Никола Јанкуловски, светски признат експерт во медицината ипоранешен ректор на УКИМ. Наградата Големата Повелба „Балканот – Срцето на Европа“, постхумно му беше доделена и на албанскиот писател со светско реноме и поддржувач на фестивалот од неговото основање, Исмаил Кадаре. Другите годинашни добитници на оваа награда се Танасис Триаридис од Грција, Саша Драгиќ од Србија и проф.Љубомир Кекеновски од Македонија.

Со оваа иста монодрама Здравко Стојмиров ја освои наградата за најдобар актер на 21-то издание на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“, што се одржа од 23 до 30 јуни 2025 година во Поградец, Албанија.
„Ова е голема чест за НУ Народен театар – Битола и за актерот Здравко Стојмиров. Му посакуваме уште многу успешни изведби и нови награди на национални и меѓународни сцени“, истакнаа од Битолскиот театар.

Continue Reading

Претходно: ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати
Следно: МВР со детали за двојното убиство во Прилеп

Поврзани вести

DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа 142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

15/08/2026 08:12
Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 3
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 4
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 5
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27

Можеби сте пропуштиле

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани