Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Над 10% од пензионерите во ЕУ продолжуваат да работат

Шеталиште 10/06/2025 09:38
00000001-732-660x411

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, вкупно 10,2% од лицата во ЕУ кои во 2023 година биле на возраст за пензија, се’ уште биле активни на пазарот на труд, при што дури 56,4% од нив биле самовработени.

Во согласност со дефиницијата на ЕУ, за самовработени се сметаат оние лица кои остваруваат профитабилна дејност за своја сметка, според условите утврдени со националното законодавство, без да имаат формален договор за вработување со работодавач.

Статистичките податоци на Евростат укажуваат дека највисока стапка на самовработени меѓу лицата на возраст за пензионирање има во Шведска, односно 98,4 отсто, потоа следат Финска со 88% и Ирска со 87,7%. Од друга страна, меѓу ангажираните лица на пензионерска возраст во Шпанија, само 18,2% биле самовработени, а потоа следуваат Грција со 20,3% и Словенија со 40,4%.

Над половина од вработените лица на пензионерска возраст во ЕУ, или 57%, биле ангажирани со скратено работно време. За споредба, со скратено работно време работат само 16,2% од работниците во ЕУ на возраст пониска од потребната за пензионирање. Во Хрватска, дури 89,4% од лицата на возраст за пензионирање работеле со скратено работно време, по што следуваат Шведска со 79,2% и Белгија со 78%.

Спротивно на тоа, со скратено работно време биле ангажирани само 9,2% од вработените лица на пензионерска возраст во Бугарија, а потоа следуваат Литванија со 19% и Латвија со 23,2%.

Старосната граница за пензионирање на жените во ЕУ во 2024 година се движеше од 60 години во Австрија и Полска, 61 година во Романија, 62 години и два месеци во Бугарија, 62 години и осум месеци во Чешка, 63 години и шест месеци во Хрватска и 64 години во Литванија. Кај мажите, пак, старосната граница за пензионирање лани изнесуваше од 63 години и четири месеци во Чешка, 64 години и шест во Литванија, 64 години и седум месеци во Бугарија, до 65 години во Австрија, Полска, Романија и Хрватска.

На Малта и за мажите и за жените лани старосната граница за пензионирање беше 62 години, во Естонија е 63 години и девет месеци, во Словачка 64, во Кипар, Летонија, Луксембург, Словенија, Унгарија Финска 65, во Германија 65 години и седум месеци, во Белгија, Ирска и Шведска 66, во Португалија 66 години и четири месеци, во Шпанија 66 години и осум месеци, а во Грција, Данска, Италија Холандија 67 години. Во Франција и мажите и жените може да заминат во пензија на 62-годишна возраст, но право на полна пензија стекнуваат дури на 67 години.

Во нашиот регион во 2024 година жените заминувале во пензија на возраст од 61 година во Албанија, на 63 години и осум месеци во Србија и на 64 во Црна Гора, а мажите на 65 години во Албанија и Србија и на 66 години во Црна Гора. Босна и Херцеговина и Косово, пак, имаат полова рамноправност во пензионирањето на 65 години. “Во земјава старосната граница за пензионирање на жените е 62 години, а на мажите 64 години.”

Continue Reading

Претходно: Извршени над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна
Следно: Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

Поврзани вести

denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар

Шеталиште 21/01/2026 12:40
Pari_Intervju_Joshevski_2-1
  • Вести
  • Економија

ПАРИ: Интервју со Никола Јошевски: Фокусот на финансиските друштва веќе не е квантитетот, туку квалитетот и довербата

Шеталиште 21/01/2026 11:54
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се зголемуваат цените на бензините и дизел горивото

Шеталиште 20/01/2026 14:27
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани