Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Над 30 нови сомнителни случаи на туберкулоза – од нив 22 деца

admin 14/03/2023 00:00
deca-kozle-750x430-2

Расте бројот на сомнителни на туберкулоза. Тестовите во детската болница во Козле и во Институтот за ТБЦ треба да покажат дали уште 22 деца и десетина возрасни од привремени живеалишта за социјално ранливи групи ја имаат оваа заразна болест. Тие се поврзани со трите деца кои се веќе хоспитализирани во Козле и пациентот кој е на респиратор на Клиниката за детски болести.

– Ние имаме термини кога ги правиме тие манту тестови и ќе ги повикуваме и по анализите ќе знаеме каква е состојбата. Возрасните ќе одат во Институтот за ТБЦ и ако некој од нив е позитивен ќе биде полесно за нас да ги следиме децата, вели д-р Катерина Бошковска, раководител на оддел за туберкулоза во детска болница Козле.

Лекарите од Козле смируваат дека нема простор за паника но и да не се стигматизираат лицата сомнителни на туберкулоза. Во болницата немаат детален преглед за вакциналниот статус на сите деца бидејќи дел од нив немале здравствени легитимации.

-Бројот е голем бидејќи се многудетни семејства. Но и ковид пандемијата си го направи своето, ние три години бевме сконцентрирани на лекување на ковид и имаме пораст на туберкулоза, но и на други заболувања како кардиоваскуларни, малигни, вели д-р Бошковска.

Пред 10 дена на детска клиника почина деветмесечно бебе со туберкулоза кое беше на механичка вентилација. За овој случај се крена прашина во јавноста бидејќи имало 9 месеци а тежело само 3 килограми, но надлежните констатираа дека не потекнувало од социјално семејство. Неговите браќа и сестра се во добра состојба и ќе бидат испишани од болницата во Козле.

Continue Reading

Претходно: Ќе увезуваме работници од земји каде просечната плата е 200 евра
Следно: Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани