Над 50 илјади граѓани досега примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади аплицирале за бесплатна вакцинација, информира Министерството за здравство.
Велат дека во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизација. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.
Заинтересираните граѓани можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на електронска апликација на страната вакцинација.мк, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.
Годинава, Министерството за здравство обезбеди 60.000 дози четиривалентни вакцини против сезонски грип наменети за најранливите групи на граѓани.