Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

НАСА објави нови слики од кометата „3-И / Атлас“, којашто е „гостин“ во Сончевиот Систем

Шеталиште 20/11/2025 10:39
3IATLAS

По големите најави, НАСА објави низа нови, досега најподробни слики од меѓуѕвездената комета „3-И / Атлас“. Низ целиот Сончев Систем, од опсерваториите на Земјата до вселенските летала во меѓупланетарниот простор, бројните мисии на американската вселенска агенција успеаја да го сликаат ова вселенско тело како се движи низ нашето блиско пространство, пишува „Сајенс-алерт“ (ScienceAlert).

Најблиските набљудувања дојдоа од Марс, којшто, како што забележа Ники Фокс, заменик-администратор на Дирекцијата за научни мисии, „кометата беше токму во орбитата на Марс“, т.е. соседната нам планета беше на космички најблиската оддалеченост од кометата. Сликите беа направени од „Марсовиот извидувачки орбитер“ (МРО), што првично е задолжен да ја истражува „Црвената Планета“. Леталото ја сними „3-И / Атлас“ од растојание од само 30 милиони километри на 2 октомври оваа година.

– Кометата „3-И / Атлас“ ја достигна својата најблиска точка до Сонцето кога Земјата беше на „погрешната“ страна, за да можеме правилно да ја набљудуваме, рече планетарниот научник Том Статлер. – Но, Марс беше на вистинската страна од Сонцето, па нашите инструменти на Марс беа во можност да ја набљудуваат кометата. И неколку други наши вселенски летала беа на вистинската страна од Сонцето. Затоа, научната заедница е навистина возбудена за кометата и овие нови набљудувања.

Научниците и јавноста со нетрпение ја следеа кометата откако првпат беше забележана од телескопот „АТЛАС“ на 1 јули 2025 година. Нејзините својства ја прават различна од која било комета видена претходно, но нејзината траекторија ја става на спротивната страна од Сонцето од Земјата за време на нејзиниот перихел на 29 октомври – клучно време за набљудување на активноста.

За среќа, голем број вселенски мисии беа во можност да се одвојат од своите главни мисии за да ја набљудуваат кометата.

Покрај „МРО“, и орбитерот „МАВЕН“ на НАСА ја набљудуваше кометата во ултравиолетови зраци, собирајќи податоци за водородот во нејзината атмосфера и опашка. Во меѓувреме, роверот „Упорност“ беше совршено позициониран за набљудување од површината на Марс. Слики беа направени и од сончевите опсерватории „Панч“, „Стерео“ и „Сохо“, како и од леталата „Луси“ и „Сајк“, коишто се движат кон Астероидниот Појас.

Според науката, дефинитивно се работи за комета, а не за вселенско летало со вонземско потекло. Гласините се расчистени.

– Би сакал да се осврнам на гласините. Мислам дека е важно да се зборува и за ова. Ова тело е комета. Изгледа и се однесува како комета, а сите докази укажуваат дека е комета. Но, таа дојде однадвор во Сончевиот Систем, и тоа ја прави фасцинантна, возбудлива и научно многу важна, рече помошник-администраторот на НАСА, Амит Кшатрија.

Тоа е потврдено и со неодамнешна фотографија направена од астрофотографот Сатору Мурата од Ново Мексико (САД), на 16 ноември.

Што е следно? Приказната за кометата „3-И / Атлас“ сè уште не е завршена. Нејзиното најблиско приближување до Земјата ќе се случи на 19 декември. Иако тоа сè уште не е опасно растојание, тоа ќе биде најдобрата можност за набљудување со телескопи и камери од нашата планета.

Фото: НАСА

Continue Reading

Претходно: Нема поголеми проблеми со надојдените води во Битола и битолско
Следно: Автопортрет на Фрида Кало оди на аукција за 40 – 60 милиони долари

Поврзани вести

IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
Naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (29.08.2026)

Шеталиште 29/08/2026 15:48
naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (22.08.2026)

Шеталиште 22/08/2026 16:45
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58
Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

07/09/2026 07:56
Активни пет пожари на отворен простор, 32 изгаснати во изминатото деноноќие mariovo-pozar 3
  • Македонија

Активни пет пожари на отворен простор, 32 изгаснати во изминатото деноноќие

07/09/2026 07:27
Сончево и топло со температура до 35 степени sonce-1 4
  • Македонија

Сончево и топло со температура до 35 степени

07/09/2026 07:22
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста 20260907084022_big_730x400_98 5
  • Македонија

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

07/09/2026 07:21

Можеби сте пропуштиле

znamee-1
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

Шеталиште 07/09/2026 07:58
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се празнува пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Шеталиште 07/09/2026 07:56
20221230-godishen-horoskop-za-2023-godina-m
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.09.2026)

Шеталиште 07/09/2026 07:55
20260907092810_big_730x400_21
  • Рецепти

Запечени тестенини со пилешко и печурки

Шеталиште 07/09/2026 07:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани