Жител на Прилеп доби кривична пријава откако на бензинска пумпа нападнал човек со чекан и го повредил, соопшти МВР.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 17.06.2024 на бензинска пумпа, пријавениот упатувал закани, а потоа физички нападнал едно лице со чекан и му нанел телесни повреди“, пишува во полициското соопштение.