Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Научници веруваат дека е постигнат најголем напредок во лекувањето на ракот на грлото на матката во последните 20 години

admin 24/10/2023 00:00
13

Научници веруваат дека го постигнале најголемиот напредок во лекувањето на ракот на грлото на матката во последните 20 години користејќи постојни и евтини лекови пред вообичаената радиотерапија.

Според резултатите на испитувањето претставени на неодамнешна медицинска конференција, со овој пристап ризикот од смрт е намален во 35 отсто од случаите.

Британската организација за истражување на ракот го финансирала истражувањето и оттаму велат дека резултатите се извонредни. Тие се надеваат дека клиниките наскоро ќе почнат да го применуваат новиот метод на лекување.

-Кога лекувате рак, времето е клучно. Има сѐ повеќе докази кои покажуваат колку е важно да се вклучат дополнителни циклуси на хемотерапија пред другите третмани како операција и радиотерапија кај неколку други видови рак. Така не само што се смалуваат шансите за враќање на ракот, туку може и брзо да се примени бидејќи се користат лекови кои веќе се достапни во светот. Возбудени сме поради напредокот што ова испитување може да го донесе во лекувањето на ракот на грлото на матката и се надеваме дека наскоро во клиниките ќе се усвојат пократки циклуси на индукциона хемотерапија – изјави Ијан Фулкс.

За време на испитувањето новата терапија ја примиле 250 жени со дијагностициран рак на грлото на матката – 6-неделна хемотерапија со карбоплатин и паклитаксел, проследена со радиотерапија и хеморадијација. Втора група од 250 пациентки ја примале вообичаената хеморадијација.

Пет години подоцна 80 отсто од жените лекувани со новиот метод преживеале, а во 73 отсто од случаите болеста не се проширила, ниту се вратила.

Кога станува збор за пациентките што ја примиле вообичаената терапија, преживеале 72 отсто, а ракот не се вратил или проширил во 64 отсто од случаите.

-Нашето истражување покажува дека овој краток циклус на дополнителна хемотерапија пред стандардната ЦРТ терапија може да го намали ризикот од враќање на ракот или смрт за 35 отсто. Станува збор за најголем напредок во лекувањето на оваа болест во последните 20 години – изјави научничката Мери Мекормак.

Двата лека за хемотерапија се евтини, достапни и веќе одобрени за примена, а експертите сметаат дека многу брзо може да станат нов стандард на лекување. Сепак, напоменуваат дека резултатите не може да бидат исти кај сите жени. Кај некои пациентки кои учествувале во истражувањето ракот не зафатил други делови од организмот. Засега не е познато колку би била делотворна терапијата кога болеста би напредувала. Лековите може да предизвикаат и несакани ефекти, како мачнини или губење на косата.

Continue Reading

Претходно: Пет медаљи на Балкан Опен за битолскиот кикбокс клуб „Самурај“
Следно: На ГАК се роди четворка, три момчиња и едно девојче

Поврзани вести

zdrava-hrana-freepik
  • Здравје

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Шеталиште 30/07/2026 11:02
Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
2751312
  • Здравје

Црвенило, печење и затегната кожа: Што да направите ако претерате со сончањето

Шеталиште 03/07/2026 09:15
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани