Цената на нафтата продолжи да расте и денеска, трет ден по ред, откако повторно се зголемија стравувањата за снабдувањето од Блискиот Исток.
Нафтата од типот Брент поскапе на 91,76 долари за барел, што е највисоко ниво од крајот на јули. Американската ВТИ се искачи на 85,55 долари за барел.
Новото поскапување доаѓа по истекувањето на привремениот прекин на огнот меѓу САД и Иран и застојот во разговорите за трајно решение. Дополнителна неизвесност создава состојбата во Ормутскиот Теснец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта.
Само во понеделникот Брент поскапе за 2,65 отсто, а американската нафта за 2,55 отсто, што покажува дека притисокот врз цените повторно се засилува.

