Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Националниот парк Пелистер без план за заштита од пожари и студија за заштита на моликата, но со амбициозна визија за иднината

Шеталиште 11/06/2025 04:45
IMG_1491

Националниот парк Пелистер, еден од најзначајните природни богатства на Македонија и симбол на Битола, се соочува со сериозни предизвици. Директорот Иванчо Тошевски алармира за состојбата во која го затекнал паркот, но и најавува амбициозна визија за негов развој пред сѐ преку заштита на уникатната моликова шума и развој на туризмот.

Иванчо Тошевски, директор на НП Пелистер

„Националниот парк Пелистер моментално е без активен план за заштита од пожари, документ кој е законски задолжителен. Исто така, нема ниту студија за одгледување и заштита на моликата, иако токму моликата е еден од главните симболи на Пелистер и причина за неговото прогласување за национален парк“, вели Тошевски.

Во услови на самофинансирање, без директна поддршка од државниот буџет, паркот преживува благодарение на ограничени приходи од дрвни и недрвни шумски производи, како и туризам. Тошевски за Шеталиште најавува дека во наредните четири години планира драстично зголемување на уделот на туризмот во приходите на Пелистер до 50 проценти од вкупниот промет.

„За да го постигнеме тоа, не е доволна само поддршка од институциите, туку и од локалното население. Како битолчани, некогаш имавме развиена култура на планинарење. Тоа треба повторно да го изградиме, со заедничка работа и свест дека овој парк е наше заедничко богатство“, додава тој.

Најгорливиот проблем денес, според него, е состојбата со моликата – ендемично и реликтно дрво кое расте речиси единствено на Баба Планина. Во последните години, процесите на заменување на моликата со ела и бука се забрзани, а климатските промени само го влошуваат проблемот.

„Повеќе од 1.000 хектари моликова шума, особено во појасот од Магарешка до Ротинска Река, се под сериозна закана. Ако не преземеме превентивни мерки, стручњаците предвидуваат дека за 30 до 50 години моликата може да исчезне од тој појас. Тоа е неприфатливо не само за нас како институција, туку за целата држава“, рече Тошевски.

Во февруари 2025 година, за првпат по 1969 година, беше организиран научен симпозиум посветен на моликата, со присуство на сите релевантни институции од областа на шумарството и екологијатасо цел да се изготви сеопфатен и стручно базиран план за обнова и заштита на моликовата шума.

Општина Битола веќе изработи стратегија за развој на зимски и летен туризам во соработка со професори од Факултетот за туризам во Охрид, во која активно учествувал и тимот на Националниот парк Пелистер.

„Среќен сум што визијата на експертите се совпаѓа со мојата, а тоа е Пелистер да стане клучна туристичка дестинација. Потребно е, конечно, за туризмот да зборуваат и работат луѓе кои имаат искуство со инкаминг туризам, а не тие што никогаш не организирале тука ниту едно туристичко патување“, подвлече Тошевски.

Според последните податоци, бројот на странски посетители на Националниот парк Пелистер на годишно ниво е скромен и изнесува околу 4.000 до 5.000 посетители. Повеќето од нив се дел од еднодневни тури од Охрид или се вклучени во кружни програми низ Македонија, кои траат неколку дена.

„Пелистер има потенцијал за многу повеќе. Од Скопје, преку Охрид, до манастирот Трескавец и винариите во Демир Капија туристите бараат автентично искуство, а токму тоа можеме да им го понудиме ако работиме паметно и организирано“, заклучува Тошевски.

Фото: Иванчо Тошевски

IMG_1490
IMG_1487
IMG_1492
IMG_1489

Continue Reading

Претходно: Фото: Се одржа традиционалната “Палачинкијада” во Прилеп
Следно: Мариово оживува преку историјата на Калеш Анѓа

Поврзани вести

mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
aleksandar-tanevski-1-1536x1069
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ: Александар Таневски нов селектор на Македонија до 21 година, Јакимовски нов претседател на Судискиот одбор

Димитар Петковски 09/09/2026 16:14
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанка го нападнала својот татко, му нанела расекотина

Шеталиште 09/09/2026 10:19
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани