Македонската кадетска репрезентација денеска игра битен натпревар против Швајцарија, на Европското првенство во Б Дивизијата.
Пред клучниот меч во разврската за повисок пласман, селекторот Дејан Стојановски потенцира дека мора да гледаат позитивно и да гледаат напред.
„Да гледам и мислиме само позитивно, со кренати глави гледаме напред. И уште еднаш би сакал да ги повикам нашите навивачи салата да биде уште повеќе исполнета и да ја поддржат екипата“, изјави Стојановски.
После три одиграни кола на Европското првенство во Б Дивизијата, Македонија се наоѓа на четвртото место со скор од една победа и два порази. Мечот е со почеток од 18:30 со директен пренос на следниот линк.
Фото КФМ

