Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Најмладиот новинар од Битола, Мартин Николовски ја доби наградата „Тоде Петревски“

admin 25/06/2024 00:00
bitolski-vesnik-novinarska-nagrada

Мартин Николовски, најмладиот новинар од Битола ја доби годишната награда „Тоде Петревски“ , што јубилејно, по дваесетти пат ја додели Битолски весник.

Наградата е установена во чест на прерано починатиот новинар од Битола, Тоде Петревски, а се доделува на новинари од Битола.

Во моментов Николовски е ангажиран во редакцијата на „Гласот на Америка“ на македонски јазик во Вашингтон, САД.

„Ги повикувам сопствениците на медиуми што повеќе да вложуваат во млади кадри, затоа што новинарската професија изумира, нема веќе млади новинари. Да не дозволиме јавното мислење да ни го диктираат некои што немаат никаква вреска со новинарство преку разни поткасти, социјални медиуми. Да се вложува во млади кадри кои ќе работат на брзи, точни и проверени информации“, рече Николовски на свеченоста во Офицерскиот дом во Битола.

Мартин Николовски е дипломиран новинар на Факултетот за комуникации при Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара, Република Турција.

Тој во 2023 година се стекна со втора диплома за завршени двегодишни додипломски студии на насоката медиуми и комуникации на Анадолу Универзитетот од Ескишехир, Турција.

Новинарот Менде Младеновски од Битолски весник, искажа сериозна загриженост за состојбите во новинарството, особено во Битола, каде нема интерес од младите да ја продолжат професијата. Но, рече дека наградата „Тоде Петрески“ опстојува заради оние малкумина што го сакаат и работат професионалното новинарство, порачувајќи „Еднаш новинар, секогаш новинар“.

„Јас после децении работа во новинарството не паметам полоши услови за работа на новинарите. Политичарите сакаат новинарите да им бидат на ‘закачалка’ да им направат добро интервју, репортажи, текстови со кои ќе станат пратеници, министри, советници, премиери, претседатели…, но никако да ги решат проблемите во медиумите. Никој не кажува како да опстојат медиумите кои ја пренесуваат вистината, ниту приватните компании немаат интерес од професионалните медиуми “, рече Младеновски, долгогодишен новинар од Битола.

Сопругата на Новинарот Тоде Петревски, Снежана и помладата ќерка Даниела Петровска-Матовска, искажаа задоволство од продолжувањето на традицијата за доделување на годишната награда и покрај реалната состојба во која се наоѓаат медиумите и дописниците од Битола.

„Најголемата филозофија на Тоде беше –‘Се поклонувам само пред вистината’. Вистината не зависеше кај него од точката на гледање, туку вистината во новинарството е една, античка и од секогаш. Тоде, беше прогонуван во сите времиња, но беше храбар и ние се носевме со таа негова храброст понекогаш полесно, понекогаш потешко. Порачувам новинарите да бидат прогрес во општеството “, рече Снежана Петровска.

Тоде Петрески беше дописник на Македонското радио, работеше за Дојче Веле и весникот „Политика“.

Continue Reading

Претходно: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
Следно: ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ ЗА УЧЕСТВО ВО ИНИЦИЈАТИВАТА „БИЗНИС КЛИК“

Поврзани вести

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
98765
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

Димитар Петковски 18/07/2026 06:18
IMG_5301
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

Шеталиште 18/07/2026 05:15
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани