Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

На авиотранспортот ќе му требаат месеци за да закрепне по отворање на Ормускиот теснец, предупредуваат воздухопловците

Шеталиште 08/04/2026 09:16
avion

Месеци ќе бидат потребни за да се обнови снабдувањето со авионско гориво и да се нормализираат нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток, дури и доколку биде отворен Ормускиот Теснец, изјави директорот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вилијам Волш.

Цената на нафтата падна под сто долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти двонеделно примирје со Иран, условено со итно и безбедно повторно отворање на Ормускиот Теснец низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светската трговија со нафта, пренесува Ројтерс.

Волш пред медиумите во Сингапур изјави дека иако очекува пад на цените на сировата нафта, трошоците за авионско гориво најверојатно ќе останат благо зголемени поради влијанието врз рафинериите.

„Доколку повторно се отвори и остане отворен, мислам дека и понатаму ќе бидат потребни месеци за да се вратиме на потребното ниво на снабдување, имајќи ги предвид нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток кои се клучен дел од глобалното снабдување со рафинирани производи“, посочи Волш.

Авиокомпаниите ширум Азија ги намалуваат летовите, превезуваат дополнително гориво од матичните аеродроми и додаваат нови локации за дополнување гориво, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток го намалува снабдувањето со керозин, што дополнително врши притисок врз индустријата веќе погодена од двојно зголемените цени.

Притисокот досега е најизразен на пазарите со пониски приходи и зависни од увоз, како Виетнам, Мјанмар и Пакистан, откако Кина и Тајланд го запреа извозот на авионско гориво, а Јужна Кореја го ограничи на нивото од минатата година.

„Доколку сировата нафта повторно почне да тече, би сакал да верувам дека Кина, како и Јужна Кореја, повторно ќе го обноват извозот на рафинирани производи. Капацитетите на рафинериите ќе бидат достапни кога сировата нафта повторно ќе почне да тече, но ќе биде потребно време. Изразената разлика меѓу цената на сировата нафта и на рафинираното авионско гориво ќе ги поттикне рафинериите да го зголемат производството на авионско гориво“, рече тој пренесува слободен печат.

Continue Reading

Претходно: Сезонците тргнаа на Јадран: Хрватска бара околу 70.000 работници, плати од 1.000 до 3.000 евра
Следно: Во кино Мис Стон “Враќање на жикина династија”

Поврзани вести

goriva-1
  • Економија

За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија

Шеталиште 20/04/2026 13:32
market-kosnicka
  • Економија

Минималната синдикална кошничка за април е 68.797 денари

Шеталиште 20/04/2026 10:43
2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1
  • Економија

Златото денес се тргува по 131 евро за грам

Шеталиште 16/04/2026 06:37
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Поскапуваат цените на летовите avion-2 1
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

21/04/2026 08:22
Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ FB_IMG_1776759514548 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

21/04/2026 08:19
При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците ees-1024x768 3
  • Балкан

При влез во Грција, ЕЕС системот нема да важи за Британците

21/04/2026 07:56
Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови 20260421091505_big_730x400_58 4
  • Свет

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

21/04/2026 07:52
Почина новинарката Гордана Дувњак 20260421091405_big_730x400_45 5
  • Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

21/04/2026 07:51

Можеби сте пропуштиле

edukacija-seminar-2-1536x1034
  • Спорт
  • Останати

Завршен четвртиот модул од УЕФА ПРО курсот во организација на ФФМ

Димитар Петковски 21/04/2026 11:13
avion-2
  • Свет

Поскапуваат цените на летовите

Шеталиште 21/04/2026 08:22
double-chocolate-banana-bread-5
  • Рецепти

Чоколаден банана бреад – совршен спој на мекост и богат вкус

Шеталиште 21/04/2026 08:20
FB_IMG_1776759514548
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот против Струга ТМ

Димитар Петковски 21/04/2026 08:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани