НАЈНОВО

Прилеп инфо

На градската слава на Прилеп ќе се одржи и традиционалниот турнир во мал фудбал

Во Прилеп во тек се подготовките за организирањето на градската слава „Св. Никола“ и традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2023“.

Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Ирена Јакимовска од компанијата домаќин на славата вели дека спортот го соедини Прилеп.

„Оваа иницијатива која што произлегуваше од страна на мојот покоен татко Велимир Јакимовски пред многу години за организирање на хуманитарен светиниколски турнир во мал фудбал ги зближи сите прилепчани. Имано оваа иницијатива е поддржана од сите досегашни градоначалници на општината, а тоа укажува на тоа дека спортот е оној кој што може да ги здружи луѓето заедно и сите заедно да мислиме и чувствуваме. Од тие причини големо е моето задоволство што повторно можеме да го организираме и оваа година, благодарност до општината за поддршката која што ни ја дава како генерален застапник на истиот турнир, а секако и поддршка до невладината организација предводена од Александар, која што последниве години го организира турнирот на завидно ниво“ рече Јакимовска.

Таа упати апел до надлежните тела да се најде одредено решение за Прилеп и за спортскиот живот на прилепчани, притоа споменувајќи дека луѓе во Прилеп не се во можност да тренираат во двете професионални сали кои што ги имаат, бидејќи се надвор од употреба.

Поврзани новости