Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

На 22 јуни во Битола – Меѓународен танцов спортски натпревар „Битола ОПЕН 2025“

Шеталиште 16/06/2025 09:51
86202838f0ec837b0c5e9508147c0fce_XL

Битола следниот викенд ќе пулсира во ритамот на танцот.

Танцовиот спортски клуб „Степ Ап“ – Битола, по втор пат е домаќин на престижниот меѓународен танцов спортски натпревар „Битола ОПЕН 2025“, кој ќе се одржи на 22 јуни во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 8:00 часот наутро, а свеченото отворање е закажано за 19:00 часот.

Битола ќе прими натпреварувачи од Турција, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Австрија, Германија, Италија, Молдавија, Кипар, како и од далечните Малезија и Сингапур. Секако, ќе настапат и најдобрите танцови двојки од Македонија.

За време на целиот ден, посетителите ќе имаат можност да уживаат во динамични настапи и уметнички перформанси во стандардни и латиноамерикански танци. Овој реномиран настан е дел од официјалниот календар на Светската спортска танцова федерација (WDSF), што му дава меѓународна тежина – освоените бодови се вреднуваат на светските ранг-листи.

По успешната организација минатата година, интересот оваа година е уште поголем, со надеж дека „Битола ОПЕН“ ќе прерасне во традиција која ќе го вброи градот меѓу значајните танцови дестинации во регионот. Организаторите упатуваат благодарност до Танцовата спортска федерација на Македонија, Министерството за спорт и Општина Битола за поддршката и помошта во реализацијата на овој спектакл.

Сите љубители на танцот, граѓани на Битола и пошироко, се повикани да бидат дел од ова несекојдневно доживување и да ги бодрат своите фаворити. Повеќе информации може да се најдат на официјалните профили на социјалните мрежи: Facebook: tskstepup Instagram: @tsk_step_up или на e-mail stepup@t.mk  Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од „Битола ОПЕН 2025“ – каде што танцот станува спорт, а спортот уметност.

Continue Reading

Претходно: Прва самостојна изложба на Ана Марија Радевска во Битола
Следно: Вечерва во Народниот Театар во Битола ќе биде изведена претставата „Жиголо“

Поврзани вести

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
bitolska-bolnica
  • Битола инфо

Обвинение против петмина лекари од Битола за смртта на 40-годишна пациентка

Шеталиште 01/10/2026 08:59
IMG_6763
  • Вести
  • Битола инфо

Реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Христо Ботев“ во Битола

Шеталиште 30/09/2026 14:03
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани