Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

На 6. февруари во 1945 година во Битола е одржан првиот наставен час на современ македонски јазик

Шеталиште 06/02/2026 08:05
00000001-497-660x458

На 6. февруари 1945 година во битолската гимназија, за прв пат во едно македонско средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик пренесува бизнис вести.

На првиот наставнички совет со кој претседавал директорот Орде Печијаре биле донесени шест одлуки, меѓу кои и одлуката, на 6 февруари во гимназијата во Битола да се одржи првиот наставен час на современ македонски јазик.

– Скромно украсената сала на гимназијата беше шумна. Се дигна завесата и молк. На бината се појави првиот директор на гимназијата, Орде Печијаре. Тој објави дека гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. Одекна силен аплауз. Потоа претставниците на народната власт ги поздравија присутните и зборуваа за значењето, задачите и улогата на гимназијата во ослободената татковина. Членовите на штотуку формираниот градски театар заедно со културно уметничка група при гарнизонот изведоа пригодна програма. Тогаш по прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“ и други, како и стиховите на Кочо Рацин и убавиот мелос на македонските народни песни, ги растреперија срцата на присутните, се нагласува во монографија на гимназијата.

Редовната настава ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки, а првата учебна година завршила на 20 јуни 1945 година. Битолската гимназија ги менувала имињата, па така во периодот од 1945 до 1952 година го носела името на Гоце Делчев, во периодот на Нижата гимназија која работела само една учебна година 1951-1952 и се викала Никола Карев, а од 1952 година и денес го носи името на  Јосип Броз-Тито. Без разлика на временските периоди, во градот под Пелистер, најпозната е по името Горната Гимназија.

Денес, секој ден, во холот на гимназијата со гордост на мермерна плоча изложени се ликовите и имињата на пет народни херои, средношколци кои учеле во гимназијата, а тоа се Стеван Наумов-Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди.

Учениците и наставниот кадар од секоја генерација со задоволство истакнуваат дека дел од нивната генерација биле ученици, а во животот станале академици, тогашните средношколци Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Кирил Миљовски, Фанула Папазоглу, Коле Чашуле, Владо Камбовски, Љубен Лапе, Ѓорги Филиповски, Анте Поповски, Ѓорѓи Чупона, Михаил Петрушевски, Петар Серафимов, Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов, Георги Константиновски и писателот Владимир Костов, почесен член на МАНУ.мт/са/

 

Фото: архива на Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
Следно: Јубилејното 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп

Поврзани вести

policija-8
  • Битола инфо

Измамена 80-годишна жена од Битола

Шеталиште 10/03/2026 14:34
20260309102644_big_730x400_30
  • Битола инфо

Стариот музички механизам од битолскиот градски часовник наскоро во Офицерски дом

Шеталиште 09/03/2026 09:45
20260309094014_big_730x400_57
  • Битола инфо

ОЈО Битола откри шема на измами со лажни сообраќајки по кои од граѓаните биле извлечени над 60.000 евра, случаите се поврзуваат со телефонски броеви од Романија

Шеталиште 09/03/2026 09:16
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 Bebe 1
  • Македонија

Два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44

12/03/2026 08:37
Сончево и релативно топло, максималната температура до 21°C soncevo 2
  • Македонија

Сончево и релативно топло, максималната температура до 21°C

12/03/2026 08:11
Е.Пелистер со тежок пораз во Шпанија се прости од Лигата на шампионите (Видео) 2026-03-11_fcbhanballvspelister_0193 3
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Е.Пелистер со тежок пораз во Шпанија се прости од Лигата на шампионите (Видео)

11/03/2026 23:15
„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер му се одмазди на Куманово во Битола 1773260375475-1103-ПЕЛИСТЕР-МКК КУМАНОВО-1 4
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пелистер му се одмазди на Куманово во Битола

11/03/2026 22:15
Иван Дургутов за впечатоците од Миколајки, Полска и 11-тиот Европски конгрес на локални самоуправи EKS2026_kwadrat_partner 5
  • Вести
  • Македонија

Иван Дургутов за впечатоците од Миколајки, Полска и 11-тиот Европски конгрес на локални самоуправи

11/03/2026 17:28

Можеби сте пропуштиле

Bebe
  • Македонија

Два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44

Шеталиште 12/03/2026 08:37
image-20
  • Шоубиз

На 58-годишна возраст почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

Шеталиште 12/03/2026 08:14
soncevo
  • Македонија

Сончево и релативно топло, максималната температура до 21°C

Шеталиште 12/03/2026 08:11
2026-03-11_fcbhanballvspelister_0193
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Е.Пелистер со тежок пораз во Шпанија се прости од Лигата на шампионите (Видео)

Димитар Петковски 11/03/2026 23:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани