Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Неделава ќе се одлучи за замрзнати цени на тестенините, се прават анализи и за млечните производи

admin 07/03/2023 00:00
makaroni-so-kari-i-losos-2-1

Цените на макароните и шпагетите, според Бектеши, ќе се намалат за најмалку 10 отсто. Во наредните 10 дена, пак, се очекува и маслото за јадење да падне под 100 денари за литар
По лебот, замрзнување на цените се очекува да има и за тестенините, а следни на оваа листа би можеле да се најдат и млечните производи.

Најавата дојде од министерот за економија Крешник Бектеши во неговото гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

„Во текот на оваа недела ќе се донесе одлука за замрзнување на цени на други прехранбени производи, се прават анализи од страна на Министерството за економија во делот на увозни цени, се разговара со здруженијата во рамки на коморите и се земаат податоците од Државниот пазарен инспекторат. Најверојатно, до крајот на неделата ќе има одлука за замрзнување на цените на тестенините, односно за макарони и шпагети“, рече Бектеши.

Министерот вели дека според првичните анализи минималното намалување ќе биде 10 отсто од постоечките цени на овие тестенини, но оти е убеден дека тоа ќе биде и поголемо.

„Убеден сум дека намалувањето ќе биде и поголемо имајќи предвид дека имаме цени од одредени тестенини кои во моментов се продаваат по 51 денар, тие нема да бидат повеќе од 44 денари. Имаме тестенини кои се продаваат од околу 60 денари, тие нема да бидат повеќе од 52 денари, ќе има големо намалување во тој дел“, рече Бектеши.

Во делот на маслото за јадење, пак, како што посочи, во наредните 10 дена се очекува сите производители да имаат цена под 100 денари за литар.

„Ако правиме споредба пред да почне поддршката од Владата, кога цената на маслото за јадење беше 150-160 денари, речиси 60-70 отсто ќе има намалување и потоа ќе продолжиме и со другите производи“,порача министерот.

Бектеши вели дека одредени компании самостојно веќе најавиле намалување на цените, а ги повика и останатите да го следат примерот.

Continue Reading

Претходно: ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со умерен јужен ветер
Следно: Дневен хороскоп (07.03.2023)

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани