Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Недостиг од кадар и застарена опрема ги попречуваат пожарникарите во справувањето со пожари

Шеталиште 23/06/2025 14:19
pozar-333-800x361-1

Недостиг од кадар и застарена опрема ги попречуваат пожарникарите во справувањето со пожари.

Последната трагедија во Кочани, како и секојдневното соочување со летните пожари низ Македонија, повторно ги наметна прашањата околу подготвеноста на државата за ефикасна реакција при природни катастрофи. Недостигот на обучен кадар и старите возила – некои стари и до 40 години – остануваат најголемите слабости на противпожарната служба.

Често ги повторуваме истите грешки од минатото. Скопје традиционално бележи од 1.200 до речиси 2.000 пожари годишно, што укажува на отсутство на долгорочна стратегија. Со сериозен систем и јасна стратегија, институциите секоја година би ја намалувале оваа бројка преку воведување на соодветни мерки и задолженија за сите инволвирани.

Зоран Доревски, поранешен помошник министер во МВР

Јасно е дека се потребни суштински реформи за системот за заштита од пожари да стане функционален. Некогашните експерти предупредуваат дека целата организација треба да биде интегрирана и структурирана по јасна хиерархија – од раководството, преку командната структура, до оперативниот и теренскиот кадари.

Мора да се воспостави интегриран систем кој ќе функционира како пирамида, со јасно дефинирани надлежности од врвот до основата, односно до пожарникарските единици.

Владимир Симоновски, поранешен национален координатор за намалување на ризици

Во моментов, Македонија располага само со еден авијациски Ер-трактор, а се очекува набрзо да се вратат уште два од сервис. Командирот на главната противпожарна бригада во Скопје претходно предупреди дека е неопходно да се набават повеќе противпожарни возила за да се одговори на предизвиците.

Истражувањата на Центарот за граѓански комуникации откриваат дека државата има дефицит од 340 пожарникари. Најголем недостиг има во Скопје, а потоа следуваат Куманово, Битола, Тетово и Прилеп. Не е доволен ниту бројот на возила – дел од нив се постари од 27 години и се користат во градови како Крива Паланка, Валандово, Кратово и Старо Нагоричане. Општините што навреме ја сфатиле сериозноста на проблемот, набавиле нови возила, но тие сепак имаат просечна старост  помеѓу 12 и 22 години.

Continue Reading

Претходно: Топол воздушен бран и температура до 40 степени в четврток и петок
Следно: Вториот блок на РЕК Битола вклучен во електродистрибутивната мрежа

Поврзани вести

Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
policija-bt-1
  • Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Шеталиште 07/10/2026 07:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани