Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Нема резултати од вонредниот надзор во прилепската болница по смртта на тројца пациенти

admin 23/02/2023 00:00
prilepska_bolnica-39339-2

Се уште нема резултати од вонредниот инспекциски надзор направен на 17-ти овој месец во прилепската болница од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој што се случил по пријава на Центарот за јавно здравје од Прилеп за појава на интрахоспитална инфекција, откако почина 52 годишна прилепчанка која таму правела киретажа, а наредниот ден по јавување на компликации е препратена на Клиниките во Скопје каде починува.

Директорката на ДСЗИ Рената Младеновска рече дека биле земени примероци и брисеви од здравствениот персонал и нежива средина, но повика да не се шпекулира со ништо се до добивањето на точните резултати. Се уште нема резултати ниту од обдукцијата на починатата.

„Се додека не добиеме резултати не смееме да шпекулираме што е причината за смртта на пациентката од Прилеп. Апелирам да се причекаат резултатите и од обдукцијата на жената, така што се надевам дека наскоро ќе имаме информација“, истакна Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Од прилепската болница денеска преку соопштение истакнаа дека пријавени биле два случаи кај кои може да се каже дека спаѓале во интрахоспитални инфекции.

Првиот случај бил вадење на остеосинтетски материјал, во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, рана чиста неинфицирана, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван бил пуштен дома. И вториот случај е со починатата 52 годишна прилепчанка кај која е утврдена бактеријата стафилокока. Други случаи за пријава на интрахоспитална инфекција немало, а хигиената и дезинфекцијата во болницата била на максимално ниво.

„Донесената одлука да се одложат операциите заради превенција, беше одлука на Комисијата а не на надворешни контроли, како што сега по вонредните контроли и чиста состојба ќе бидат пуштени во работа истите. Болницата е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и по налог на комисијата за спречување и превенција на интрахоспитални инфекции ќе бидат пуштени операционите сали во работа со неколку конечни наоди кои се преработуваат и треба да стигнат во текот на денот“, велат од Општата болница во Прилеп.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска пак прашаа зошто забраната за работа на операционите била доцна спроведена.

„Нашите сознанија говорат дека псимо од Комисијата за интрахоспитални инфекциои било испратено до директорката на 15.02.2023, а истото било распределено до одделенијата дури на 21.03.2023 година, прашање е зошто се чекало толку долго“, рече Стефани Стојаноска, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Вчера пак ОЈО Прилеп отвори предмет, по допрен глас, да се истражи смртта на 3 лица кои во последните 10-тина денови се лечеле во прилепската болница, освен смртта на 52 годишната прилепчанка се истражува и смртта и на двајца мажи на возраст од околу 30-тина години. Во моментов биле во фаза на прибирање на потребната документација.

Continue Reading

Претходно: Продолжува негативниот тренд на опаѓање на водостојот на Охридското Езеро
Следно: Почнуваат карневалските свечености во Прилеп, в недела е главното дефиле со 500 учесници

Поврзани вести

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер dsc_5672-2-1536x1131 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

08/09/2026 13:13
Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 3
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34

Можеби сте пропуштиле

dsc_5672-2-1536x1131
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Актуелниот првак сосема заслужено славеше над Арсими со новиот тренер

Димитар Петковски 08/09/2026 13:13
1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани