Екс македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски со два голови беше еден од најзаслужните за победа над фаворитот Ријека.
Членот на Славен Белупо популарниот “Несторгол” со двата погодоци допринесе да неговиот тим убедливо победи иако прва заводе Ријека. Македонскиот напаѓач потоа своето одлично издание на теренот го пренесе и во соблекувалната.
Славен Белупо на социјалните мрежи објави видео од прославата на победата, на кое нашиот Несторовски е качен на маса и танцува, додека неговите соиграчи го бодрат и го слават големиот триумф.

