Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Неџат Курт назначен за генерален директор на ТАВ Македонија

admin 02/05/2023 00:00
aerodrom-patnici

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Неџат Курт за нов Генерален директор, од 1-ви мај 2023 година. Метин Батак ја напушта позицијата на Генерален директор и ќе биде назначен за член на Извршниот одбор на компанијата ТАВ Тунис, која што управува со аеродромите Енфида Хамамет и Монастир.

-„За време на мојот мандат во ТАВ Македонија, заедно со целиот менаџерски тим, постигнавме огромен успех со тројно зголемување на бројот на патници на двата македонски аеродрома, во периодот од 2010 до 2019 година. Со појавувањето на кризата со Ковид-19, требаше да се справиме со некои од најголемите предизвици во воздухопловството што негативно се одразија врз двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Заедно со нашиот исклучителен тим на вработени, моите колеги менаџери, како и во тесна соработка со нашите засегнати страни, го водевме закрепнувањето на македонскиот патнички авиосообраќај што почна во 2022 година. И покрај сите пречки во авиосообраќајот, нашиот персонал и натаму обезбедуваше одлично патничко искуство, па затоа и ја добивме ASQ-наградата за квалитет на аеродромските услуги за скопскиот аеродром за 2022 и 2021 година. Уверен сум дека закрепнувањето на патничкиот сообраќај на аеродромите во Скопје и Охрид ќе продолжи и тоа ќе придонесе за економскиот развој на земјата“, изјави Метин Батак.

„Би сакал да изразам благодарност до мојот колега Метин Батак за неговиот ценет придонес во раководењето во изминативе години. И двајцата работиме на македонскиот пазар уште од самото влегување на ТАВ, а на највисоките менаџерски позиции дојдовме пред пандемијата со ковид-19. Така, заеднички ги водевме скопскиот и охридскиот аеродром среде најголемата „бура“ за воздухопловството – кризата со Ковид-19. Тесно соработувавме и се справивме со секој предизвик, вложувајќи ги нашите најдобри напори за закрепнување на патничкиот сообраќај, одржувајќи ја мотивацијата на вработените на високо ниво за да го одржиме нашиот бизнис-модел. Сега, додека се движиме по позитивниот бран на пораст на патничкиот сообраќај, моите колеги и јас ќе вложиме максимални напори за да продолжи овој тренд, особено сега по пост-пандемскиот период на промени. Како никогаш досега, фокусирани сме да продолжиме да го поддржуваме, подобруваме и да даваме приоритет на искуството на патниците од нашите двата аеродрома додека гледаме во иднината и ги дефинираме нашите цели коишто сакаме да ги постигнеме. И натаму ќе ги развиваме аеродромите во Скопје и Охрид, претворајќи ги во центри на Балканот. Со нашите лични долгогодишни искуства во управувањето со аеродромите и знаењата и вештините на меѓународно ниво на нашата матична компанија – ТАВ Аеродроми, ќе ги следиме светските авијациски трендови, ќе водиме нови проекти и ќе продолжиме да им служиме на нашите клиенти на најдобар можен начин“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Неџат Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија. Во 2008 година беше назначен од страна на ТАВ Аеродроми како еден од менаџерите кои го водеа проектот за концесија во Македонија. Тој работеше на скопскиот аеродром 2 години, а во 2010 година беше назначен за менаџер на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. По 2 години, во 2012 година беше назначен за менаџер на скопскиот аеродром и управуваше со целокупните аеродромски операции во македонскиот главен град.

Во 2014 година, ТАВ Аеродроми го назначи Курт за Координатор за транзиција на меѓународниот аеродром Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, Саудиска Арабија. Таму тој ја организираше транзицијата од стар во нов аеродромски терминал. Меѓународниот аеродром Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, Саудиска Арабија е првиот приватизиран аеродром во Саудиска Арабија. Во 2016 година, Курт беше назначен за Координатор за ORAT односно Координатор за оперативна подготвеност и аеродромски трансфер во терминал и во јавна зона на аеродромот во Загреб во Хрватска. Тој работеше заедно со француската Групација АДП (ADP Group), за да обезбеди успешна транзиција и работа на аеродромот, додека не заврши изградбата на новата терминална зграда на аеродромот во Загреб и новиот терминал беше пуштен во функција во 2017 година. Во август 2017 година, Курт беше назначен за Координатор за аеродромски операции на 3 аеродроми кои се преземени под концесија од Кралството Саудиска Арабија од страна на ТАВ Аеродроми, по што следи улогата на Претседател на Комитетот одговорен за аеродромска дигитализација на аеродромот во Медина во 2018 година.

Кон крајот на 2018 година, Курт се врати во Македонија, како Координатор за аеродромски операции, одговорен за целокупното оперативно работење на аеродромите во Скопје и Охрид. Во првиот квартал од 2019 година, Курт беше назначен за Заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија. Неџат Курт е Турчин по потекло кој е роден и израснал во Германија. По завршувањето на средното образование, тој го продолжил своето високо образование на студиите за туризам и хотелски менаџмент на Универзитетот Текирдаг во Турција. Дипломирал политички науки и дипломатија на Американскиот универзитет на Европа во Скопје. Моментално, Курт посетува МБА студии по авијациски менаџмент на Универзитет Дунав во Кремс, Австрија. Тој е дипломиран професионалец за управување со аеродроми и е носител на титулата Професионалец за аеродромски операции (IAP – Airport Operations Professional) одобрена од ICAO – Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и од ACI – Меѓународниот совет на аеродроми.

Покрај турскиот, како негов мајчин јазик, Курт течно зборува англиски и германски јазик.

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ги заврши првите четири месеци од 2023 година, јануари – април, со 753.377 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 44% во однос на истиот период во 2022 година, a 8% во однос на 2019 година која се смета за реферетна. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 6.010, со годишен пораст од 35% и 4% во однос на 2019 година.

Continue Reading

Претходно: Од полноќ дизелот и бензинот со пониски цени
Следно: Лава колач со чоколадо и малина

Поврзани вести

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај milevski-ffm-1536x1024 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

04/12/2025 12:08
Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10 2
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

04/12/2025 07:29
Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози Soobrakjaj 3
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

04/12/2025 07:27
Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование sobranie 4
  • Вести
  • Македонија

Собранието ќе ја продолжи 72. седница, на дневен ред измените на законите за основно и средно образование

04/12/2025 07:27
ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата dksk 5
  • Вести
  • Македонија

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата

04/12/2025 07:26

Можеби сте пропуштиле

milevski-ffm-1536x1024
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Екс селекторот на македонската фудбалска репрезентација со објава за крај

Димитар Петковски 04/12/2025 12:08
IMG_4351
  • Култура
  • Настани

Гости од Вуковар за Божиќниот концерт на Хрватскиот културен центар во Битола

Шеталиште 04/12/2025 07:33
Screenshot 2025-12-04 at 08.29.10
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола отворен дневен Центар за стари лица со активно стареење

Шеталиште 04/12/2025 07:29
Soobrakjaj
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Шеталиште 04/12/2025 07:27

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани