Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

cropped-1050-x-170.gif
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Живот
  • Здравје

Не е заразен секој крлеж, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест

admin август 16, 2023
laboratorija-bolnica-korona-1

Не секој крлеж е заразен, но конго-кримска хеморагична треска е сериозна болест, предупредуваат експерти. Три случаи се евидентирани сега во земјава.

Во првиот случај, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка, која се лекува на Инфективна клиника и сега е во стабилна состојба.

Третиот случај кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење.

Прва епидемија кај нас во 1971 годинаСпоред податоците на Институтот за јавно здравје, прва епидемија од ова зболување кај нас е евидентирана во 1971 година.

Притоа, заболеле 13 лица со два смртни исхода во едно семејство во тетовското село Чифлик. По оваа епидемија, лабораториски е потврден еден случај во 2010 година.

Со оглед дека постојат услови за природни жаришта и на други подрачја во земјава, ова заболување претставува потенцијална опасност.

Од соседните земји, болеста е ендемска во Косово, а регистрирани се спорадични случаи и во неколку други европски земји.

Пренесување, знаци, симптоми Вирусот се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж, или преку контакт со заразена крв или животински ткива, за време и непосредно по колењето на животните.

Поголемиот дел од случаите на заболување се однесуваат на луѓе кои се вклучени во работа со добиток, како што се земјоделските работници, работници во кланици и ветеринарите.

Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица.

Должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот.

По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена.

Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 13 дена.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање.

– Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението.

Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се истакнува во описот.

Заштита и контрола на заболувањетоЗа намалување на ризикот од пренос од крлеж на човек – доколку престојувате во место каде што има крлежи, носете облека која нема да остава откриени делови од телото – покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови – врат, глава; носете светло обоена облека за да се овозможи лесно откривање на крлежи на облеката; испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид – перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката.

За постигнување на максимален ефект, нанесувајте репелент на секои 1-2 часа, ако престојот во ризични предели е подолготраен – поновите хемиски производи овозможуваат заштита од 8-12 часа.

Употребувајте ги според пропишаното упатство, бидејќи при честа и ексцесивна употреба кај деца, иако ретко, можни се несакани ефекти во смисла на сериозни невролошки компликации, после можна експозиција на убоди од крлежи, направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата.

Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата.

Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото – во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и слично; настојувајте да ги контролирате животните за присуство на крлежи и доколку има соодветно да се елиминираат; и избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни.

Кога станува збор за намалување на ризикот од пренос од животно на човек, се препорачуваат ракавици и друга заштитна облека додека лицата се ракуваат со животни или нивни ткива во ендемични области, особено за време на колење, карантин на животните пред да влезат во кланици или рутински да се третираат со пестициди, две недели пред колењето.

– Намалување на ризикот од пренос од човек на човек – избегнете близок физички контакт со лица заболени, носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе, редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа, нега или посетата на болните луѓе, се наведува во препораките од Институтот за јавно здравје.

Во државава пристигна и лекот „рибавирин“, како што беше појаснето, тој се дава само во ситуација кога се нема друг избор, кај пациенти со исклучително тешка клиничка слика.

Надлежните велат дека нема простор за паника, но, при каснување од крлеж брзо да се побара медицинска помош, а не да се третира ситуацијата дома.

Continue Reading

Претходно: Три Ер трактори го гасат пожарот кај прилепско Дебреште, уште е активен
Следно: 44 Браќа Манаки ќе стартува со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски

Поврзани вести

dete-na-odmor-696x461
  • Здравје

Еве како без стрес со деца на летување – понесете ги овие 5 лекови за да нема ризик

Шеталиште јуни 20, 2025
Robotaksi
  • Технологија
  • Живот

„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ – возила годишно

Шеталиште јуни 19, 2025
iphone-7479302_1280
  • Живот
  • Технологија

Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра

Шеталиште јуни 18, 2025
300_X_250
Поени-за-добредојде-300х250
Веб Банер Голд Слот
300 x 250

Тренд Вести

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС IMG_1763 1
  • Вести
  • Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС

јуни 21, 2025
Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава 506475158_1319390339542889_1249410624308225524_n 2
  • Вести
  • Македонија

Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава

јуни 21, 2025
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ IMG_1758 3
  • Вести
  • Битола инфо

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ

јуни 21, 2025
Просечната нето плата во април 45.452 денари 1-denari-pari-1 4
  • Вести
  • Економија

Просечната нето плата во април 45.452 денари

јуни 21, 2025
Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни Palco 5
  • Вести
  • Македонија

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

јуни 21, 2025

Можеби сте пропуштиле

IMG_1763
  • Вести
  • Битола инфо

ВМРО-ДПМНЕ Битола: ОЈО има отворени постапки за РЕК Битола поради криминални и местени тендери од СДС

Шеталиште јуни 21, 2025
506475158_1319390339542889_1249410624308225524_n
  • Вести
  • Македонија

Пленковиќ со поддршка до Мицкоски за евроинтеграциите на земјава

Шеталиште јуни 21, 2025
IMG_1758
  • Вести
  • Битола инфо

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО-ДПМНЕ

Шеталиште јуни 21, 2025
1-denari-pari-1
  • Вести
  • Економија

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Шеталиште јуни 21, 2025
2025 © Сите права се задржани