Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Шоубиз

„Не кажувај либе добра ноќ“ во ново руво

Шеталиште 04/07/2025 13:36
Ognen Zdravkovski

Легендарната македонска љубовна песна „Не кажувај либе добра ноќ“ доживеа нов препев – овој пат во изведба на Огнен Здравковски.

„Изведбата е дел од продолжението на проектот ‘Македонијо, во срце те носиме’, што под водство на ‘Скендеровски продукција’, успешно ги спојува традицијата и современите музички изрази.  Проектот ја продолжува својата мисија: Да ги слави македонските корени преку гласовите на современи изведувачи – од народната и забавната сцена, обединувајќи ги во една цел: Да ѝ подариме на Македонија нов звук, а на публиката – ново доживување. До крајот на летото, љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во сите композиции од проектот, што ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци!“, се истакнува во соопштението.

Песната „Не кажувај либе добра ноќ“ со музика и текст на Наско Џорлев, е еден од симболите на македонската музичка душа, се вели. Нејзината длабочина, емоција и меланхолична убавина сè уште одекнуваат низ времето.

„По незаборавните изведби на Петранка Костадинова, Васка Илиева, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ итн., оваа безвременска песна повторно ќе го допре срцето на публиката, сега преку гласот на Огнен Здравковски – еден од наследниците на лозата на авторот Наско Џорлев“, се наведува.

– Од сите песни што ги има напишано дедо ми – „Не кажувај либе добра ноќ“, „Фато мори душманке“, „Во Струмица на улица“, „Кажи ле облаче бело“ – токму „Не кажувај либе добра ноќ“ ми е најблиска и чест ми е што за неа е направена верзија што ја пеам јас. Ми буди убави спомени, посебно на мојот вујко Зоран Џорлев, кој има создадено инструментална верзија. Чест ми е да ја отпеам и да ја приближам до новите генерации, вели Огнен.

Зад аранжманот стои маестро Николче Мицевски, кој со својот препознатлив сензибилитет ѝ дава нова светлина на оваа музичка тема.

Фото: „Скендеровски продукција“

Continue Reading

Претходно: Отворена Амбасадата на Казахстан во Скопје, значаен чекор кон зајакнување на врските меѓу двете земји
Следно: СДСМ: Мицкоски е виновен за бришење на македонскиот јазик во Европскиот парламент

Поврзани вести

IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
20260901083759_big_730x400_13
  • Шоубиз

„Кифи Ди“ виновен за убиството на Тупак

Шеталиште 01/09/2026 09:57
Naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (29.08.2026)

Шеталиште 29/08/2026 15:48
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026 mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

08/09/2026 04:58
ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 3
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 5
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58

Можеби сте пропуштиле

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани