Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Никола Ѓуричко со ново стендап-шоу во Скопје

admin 02/02/2023 00:00
Screenshot_20230202_143849_edit_1294367092895454-1

Фестивалот „Таксират“ во соработка со „Скопје Комеди“ го најави новото шоу на популарниот актер, овој пат во улога на стенд-ап комичар – Никола Ѓуричко во Скопје! 

На 7 март во Филхармонија, Никола ќе настапи со својот нов стенд-ап материјал со наслов „SHOWBIZ“ (Шоубиз). По пауза од три години, 2023 тој ја започнува со многубројни успешни настапи и распродадени шоуа низ Балканот и Европа, а на мапата дојде на ред и Скопје! Новиот материјал на Ѓуричко вклучува анегдоти и поуки од неговиот живот како холивудски актер и занимливости од неговиот приватен живот со неговото семејство, кои – за среќа – ги има многу!

Никола Ѓуричко е српски актер, роден во Белград во 1974 година. Подеднакво е активен и на филм, телевизија и театар, а првата позначајна улога ја добива во 1989 година во култниот филм „Последниот Круг во Монца“. Во својата кариера пред заминувањето во Холивуд, тој се запишува како актер во повеќе од 60 театарски претстави, а го знаеме и од филмовите: „Муње“, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, „Седум ипол“, „Монтевидео, Бог те видео“ и многу други.

Има освојувано многу награди во текот на својата исклучително богата актерска кариера. Од неодамна со своето семејство живее во Лос Анџелес (С.А.Д.), каде за кратко време успева да го освои и Холивуд во улогата на Јури Исмајлов во глобалната хит-серија на „Нетфликс“: „Stranger Things“ (Почудни нешта) во која покрај него глумат и големите холивудски ѕвезди Винона Рајдер и Дејвид Харбур. Факт: Навистина обожава крцкав путер од кикирики (и цени кеш).

Билетите за шоуто се веќе достапни за купување онлајн и на благајните на „МкТикетс“ низ Македонија.

Continue Reading

Претходно: Детали за несреќата кај Стража
Следно: Стендап спектакл во Битола – Закажано е шоуто на Никола Тодороски

Поврзани вести

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
poster ljubov i vino 2026
  • Настани

Поетско – музичка манифестација “Љубов и вино” во Прилеп

Шеталиште 09/02/2026 10:48
љубење со стихови #7
  • Настани

По седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во Прилеп

Шеталиште 09/02/2026 10:46
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

4
  • Настани

НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“

Шеталиште 17/02/2026 12:54
horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани