Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Николовски: Американските царини од 15 отсто не се конечни, можеме да одиме до 10 проценти, ќе се знае до крајот на септември

Шеталиште 01/08/2025 13:06
amerikanski-carini

Американските царини од 15 отсто не се конечни, продолжуваме да преговараме. Преговорите ќе бидат интензивирани во втората половина на август, кога ќе завршат летните одмори. До крајот на септември ќе видиме која стапка ќе биде дефинирана, а според Министерството за финансии можеме да одиме до 10 проценти, рече денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Како што истакна Николовски на прес-конференција, Македонија согласно сегашните 15 отсто царини е на ниво на цела ЕУ, додека во Швајцарија, на пример, стапката е 39 отсто.

– Не се конечни тие 15 проценти. Апсолутно бидете убедени дека ова е успех на нашата Влада која во комуникација и перманентни разговори и преговори со администрацијата на претседателот Трамп успеа од 33 да ги спушти на 15 отсто царините, но ова не е конечен договор. Преговорите траат и ќе траат, а ќе бидат поинтензивирани во втората половина на август кога ќе се завршат летните одмори. Министерството за финансии е убедено дека можеме да одиме уште подолу, со стапка кај 10 отсто. Продолжуваме да преговараме, јас сум убеден дека квалитетни луѓе преговараат и ќе видиме до крајот на септември која стапка ќе бдие дефинирана, но за тоа ќе излезат официјално владини претставници и ќе кажат, истакна директорот на Царинската управа.

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35, од Босна и Херцеговина со 30, а најниска царина ќе има Црна Гора 10 отсто.

фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Остварен историски рекорд на Царината, собрани над 12 милијарди денари за еден месец
Следно: ВЛЕН: Таравари да им се објасни на гласачите – кој го натера да биде посредник на Али Ахмети кај Мицкоски

Поврзани вести

FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар

Шеталиште 21/01/2026 12:40
Pari_Intervju_Joshevski_2-1
  • Вести
  • Економија

ПАРИ: Интервју со Никола Јошевски: Фокусот на финансиските друштва веќе не е квантитетот, туку квалитетот и довербата

Шеталиште 21/01/2026 11:54
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото) FB_IMG_1769096350720 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

22/01/2026 15:39
Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет fzom-1 2
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

22/01/2026 14:23
Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026 20260122141634_big_730x400_44 3
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

22/01/2026 13:21
До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег NdGze-sonce-41217-1 4
  • Македонија

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег

22/01/2026 13:19
Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип grip-1 5
  • Македонија

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

22/01/2026 13:16

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1769096350720
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Томе Китановски има нов клуб во Романија (Фото)

Димитар Петковски 22/01/2026 15:39
fzom-1
  • Македонија

Боледувања, породилно, рефундација на лекови отсега и преку интернет

Шеталиште 22/01/2026 14:23
20260122081019_big_730x400_34
  • Занимливости

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

Шеталиште 22/01/2026 13:22
20260122141634_big_730x400_44
  • Македонија

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026

Шеталиште 22/01/2026 13:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани