Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Николовски: Власта крати 478 милиони денари од поддршката за земјоделците со ребалансот на Буџетот

Шеталиште 04/07/2025 13:15
Ljupco Nikolovski

Почитувани,

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците.
Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз.

Кратат од субвенции за земјоделците, лозарите, оризопроизводителите, пчеларите, сточарите – за владата да се луксузира со манго и папаја!

Во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци – за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака – власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, добиваат игнорирање. Наместо интервенција, добиваат кратење. Владата, која ветуваше “грижа за селото”, денес го гази токму тој најважен столб на економијата.

Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство.

Предлагаме:
Враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите;
Зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024;
Интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед;
Поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица;
Мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети;
Враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне;
Итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.

Почитувани,

СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратеше од земјоделците – напротив, интервениравме со дополнителни субвенции, закони и програми. Денес, кога земјоделците повторно се во криза, единствениот одговор на ВМРО-ДПМНЕ е кратење и игнорирање.

Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика!

СДСМ е на страна на земјоделците и бара поддршка од сите пратеници за овие амандмани!

Прес-конференција, Љупчо Николовски, пратеник

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: „Сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“
Следно: Лимани: Отвораме инклузивен процес за развој на Национална стратегија за демографска отпорност

Поврзани вести

20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
foka-jona-780x470
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
zname-2-640x427-107237-316064-1
  • Македонија

Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови

Шеталиште 05/10/2026 05:56
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 1
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 2
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 3
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20
Иранскиот министер за нафта поднесе оставка iran-zname 4
  • Свет

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка

05/10/2026 05:59
Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови zname-2-640x427-107237-316064-1 5
  • Македонија

Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови

05/10/2026 05:56

Можеби сте пропуштиле

image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04
japonija-660x500
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

Шеталиште 05/10/2026 07:57
20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
20261005092440_big_730x400_43
  • Рецепти

Здрави колачи

Шеталиште 05/10/2026 07:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани