Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи – илјадници земјоделци без исплата

Шеталиште 10/11/2025 14:46
Ljupcho-Nikolovski

На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3, се наведува во соопштението на СДСМ од прес – конференцијата на пратеникот Љупчо Николовски, што Шеталиште ја пренесува интегрално.

Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици.

Сето ова е под суспензија. Причината е скандалот со барање и примање на мито од страна на директорот на платежната агенција и уште четири други лица, вклучувајќи и блиска соработничка на министерот од Министерството за земјоделство.

Тоа е директна последица на овој голем корупциски скандал и тотален колапс на системот што беше граден седум години заедно со Европската комисија и со многу наши професионалци.

Седум години дамка не фалеше на овој систем. Седум години не се случи, во периодот на ИПАРД 2, кој се реализираше од 2017 до 2014 година, да има било каков проблем од ваков тип. Напротив, во тој период се склучени и реализирани рекордни 2.400 договори, повеќе од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, со сите контроли коишто се направени на терен.

Ова се случува, за жал, само во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2011 година, во ИПАРД 1, за жал останавме со 12% искористеност на европските средства и денеска, во 2025 година, во ИПАРД 3, повторно во време на ВМРО-ДПМНЕ.

За оваа одлука, според нашите информации, известена е Владата, вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделство.

Прашуваме зошто Владата ја криеше оваа одлука од јавноста викендот? Дали власта со премолчувањето на оваа одлука се обидува да ги заштити вмешаните во овој корупциски скандал?

Земјоделците и сите корисници на оваа програма заслужуваат да ја знаат вистината.
Оваа поддршка е наменета за нив, а не за профитирање и лични интереси на било какви функционери.

Министерот Трипуновски, наместо веднаш да преземе одговорност, или свесно ја крие ова информација од јавноста, или пак уште полошо, е неинформиран, што покажува неспособност и неупатеност во основните процеси во сопствениот ресор.

Како човек кој седум години работеше на воспоставување на овој професионален систем, што денеска е суспендиран, ова длабоко ме погодува. Не станува збор само за бројки, туку за илјадници семејства, млади земјоделци, агробизнисмени, за земјоделци коишто имаат склучено договори, коишто чекаат исплати, коишто чекаат да аплицираат на веќе најавените повици и ги спремаат своите проекти и прават трошоци. И сите тие се наоѓаат во една неизвесност за иднината на тековните и идните вложувања. Ова е тежок удар врз целиот земјоделски сектор, врз економијата, но и врз европската перспектива на државата.

Штетите за државата од овој голем скандал креиран од неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ може да бидат големи. Како претседател на Комисијата за земјоделство во Собранието, уште денеска официјално побарав детален извештај од Владата, Министерството и Платежната агенција. Тоа го барам писмено за причините за оваа суспензија, по што ќе иницираме итна тематска седница на Комисијата за да бидат преземени привремени мерки за заштита на земјоделците чијшто проекти се во тек, за да не се загубат веќе направените вложувања.

Ќе предложам измени во законската рамка при изборот на директор на агенцијата, но и за јакнење на независноста и контролните механизми на агенцијата со јасна одговорност за секоја злоупотреба, како и формирање на работна група со претставници од сите парламентарни партии и групи, но и со стручната и професионална јавност која беше секојдневно вклучена во реализацијата на ИПАРД 2, со цел подготовка на предлози за ревитализација на системот и помош за креирање на акциски план и обновување на довербата со Европската унија, час поскоро и враќање на можноста за аплицирање на повиците и склучување на договори од ИПАРД 3.

Македонското земјоделство не смее да биде заложник на партиски интереси и корупциски шеми.

Оваа суспензија е срам за државата, но и потсетник дека мора итно да ги заштитиме европските вредности, институционалната одговорност, чесноста и професионалноста во работењето. Јас лично ќе бидам првиот кој ќе иницира конкретни мерки и ќе бара одговорност од сите што ја доведоа државата во ваква состојба по вторпат во овие 15 години.

Денес не зборувам како политичар, туку како човек кој бил дел од овој систем и кој верува во чесна работа, но уште повеќе верувам во европската иднина на младите и во европската иднина на македонското земјоделство и на Република Северна Македонија.

Continue Reading

Претходно: Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?
Следно: ВРЕДИ: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Поврзани вести

3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49
img_3869-700x375
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

Шеталиште 09/06/2026 08:01
terapont-780x470
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

Шеталиште 09/06/2026 07:46
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола reka-dragor-bitola 1
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

09/06/2026 11:56
Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига! 3456 2
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

09/06/2026 10:49
Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено avion-1-2 3
  • Балкан

Уште еден мал авион падна во Хрватска, едно лице е повредено

09/06/2026 08:40
Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа img_3869-700x375 4
  • Македонија

Што ќе донесе новиот Закон за оружје – следува јавна расправа

09/06/2026 08:01
Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт terapont-780x470 5
  • Македонија

Денеска се слави Свети свештеномаченик Терапонт

09/06/2026 07:46

Можеби сте пропуштиле

NASLOVNA Mint-172
  • Промо

MINT започна со оперативен лизинг – Возете автомобил, а не грижи

Шеталиште 09/06/2026 13:10
skijatos-leto-lider-travel-10-1024x536-1
  • Патувањa

Сардинија воведе строги правила за плажите: за крадење песок казна до 3.500 евра

Шеталиште 09/06/2026 11:58
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
3456
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Гласајте за Мартин Томовски кој може да стани играч на сезоната во Втората Бундеслига!

Димитар Петковски 09/06/2026 10:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани