Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Николовски: На ВМРО – ДПМНЕ не му одговараат европските реформи во шумарството

Шеталиште 22/09/2025 15:38
Ljupcho Nikolovski

Пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција посочи дека стопирањето на реформите во шумарството од страна на владата на ВМРО ДПМНЕ оди на директна штета на природните ресурси на државата и заштита на шумите. Николовски предупреди дека власта ги напушти европските реформи во шумарството, за што потврда има и од Делегацијата на ЕУ во Скопје, се наведува во соопштението од СДСМ, што Шеталиште го пренесува интегрално.

-Во времето на СДСМ на мое барање како тогашен министер за прв пат од  ЕУ побаравме а тие се сложија да застанат за целосна и длабинска реформа на секторот шумарство. И токму затоа ни одобрија три големи проекти во износ од над 1,5 милиони евра за да се реформира и да го трансформитаме Јавното претпријатие. „Македонски шуми“ и да се спроведе целата реформа на секторот шумарство кој што е значаен. Се изработија нови закони за шумите, за формирање Агенција за шумите и шумската полиција, а закон за формирање на ново државно претпријатие за „Македонски шуми“. Односно со овие средства и  проекти на кои што изминатите години се работеше интензивно, се обезбеди целосна трансформација на ЈП „Македонски шуми“ и секторот шумарство но и креирање на интегриран ИТ-систем за контрола на дрвната маса и шумските пожари. Тоа беа вистински европски реформи, рече Николовски.

Тој додаде ИТ системот за следење на дрвната маса којшто го има во сите европски земји иако е изработен,набавен и е  во сопственост на државата воопшто не е ставен во фунција.

-Што направи ВМРО-ДПМНЕ? Ги повлекоа законите, ги прекинаа реформите, софтверите за следење на дрвната маса се нефункционални. Јасно е дека на некому му одговара хаосот, а не европските стандарди и контрола. Ова оди директно на штета на природните ресурси на државата, на заштита на шумите, на граѓаните крајно, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ покажа како се гради систем што дава резултати и ќе продолжи да дава решенија за поддршката на земјоделството, шумарството и водостопанството.

Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата

По големиот пожар во Трубарево, потребата од итни и стручни анализи на почвата и водата е неопходна и неминовна, предупреди пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

-Тоа требаше и да биде направено, заради тоа што Трубарево е регион во којшто се произведува храна,  земјоделски производи. После една ваква хаварија која што ни се случи и после ваквите анализи во сегмент на воздухот, задолжително е институциите, министерствата и научните институции веднаш да ги направат неопходните анализи и на водата и на почвата, се со цел  да ги знаеме и тие резултати. Граѓаните мора да бидат сигурни и безбедни, и да ги знаат точните информации и точно да се види  дали има контаминации во делот на резултатите коишто ќе ги добиеме и од водата и од почвата, рече Николовски.

При тоа, Николовски нагласи дека власта треба да прекине да ја бара вината во други, бидејќи како влада има одговорност да ги заштити а не да ги лаже граѓаните.

-Неколку министри ја лажеа јавноста дека нема никакви лоши резултати, дека се нормални, дека воздухот не е загаден. Меѓутоа, видовме дека експертите и сите оние стручни анализи, и податоци, го покажуваат токму спротивното,  граѓаните имаат право да ја знаат вистината.Одговорноста е пред се во владата, во надлежното министерство. Власта мора да ја прекине праксата дека се она што ќе се случи во нејзино време, не може некој да биде друг крив, не може некој друг центар да биде одговорен за сето она што ни се случува постојано, изјави Николовски.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Continue Reading

Претходно: Аница и Јоцо – нови лица на ЛДП Битола за подобар град
Следно: Андоновска: Се градат нови театри, ќе се гради Универзална сала и проекти во културата, разликата е евидентна

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани