Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Николоски: Автопатот Кичево – Охрид е веќе при крај

Шеталиште 25/04/2026 10:42
Aleksandar-Nikoloski

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски говорејќи за проектите на Коридор 8 изјави дека во моментов во процедура е изборот на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево и додаде дека Кичево – Охрид е веќе при крај.

-Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на годината целиот да биде завршен. Она што останува е спојот на потегот од Струга до ГП Ќафасан. Тука имаме одредени предизвиици поврзани со УНЕСКО. Ќе разговараме со нив, не дали ќе има автопат, туку по која траса ќе оди решението и очекувам во јуни да имаме договори. ГП Ќафасан веќе го реконструиравме и во втора фаза ќе работиме на проширување – истакна Николоски во поткаст за порталот Курир.

Тој истакна дека за една година и девет месеци направиле многу повеќе, отколку која било влада претходно на автопатот Охрид-Кичево.

-Кога бевме избрани, дадовме заложба дека нема да го менуваме последниот рок кој што го даде претходната влада, а тоа е крaјот на оваа година и оваа година ќе го завршиме. Инаку овој автопат почна да се гради во февруари 2014 година што значи повеќе од 12 години се гради. Оваа Влада го гради една година и девет месеци и за тоа време напрaвивме многу повеќе отколку седум години на владата на Зоран Заев. Кога бевме ние избрани, не километар, метро асфалт немаше. Целкупната траса од Охрид до Кичево во јули месец 2024 година немаше ни едно метро асфалт. Нам ни беше потребно околу три месеци да го проучиме и затоа велам дека овој период од една година и девет месеци постигнаме многу повеќе од било кој претходно. Минатото лето пуштивме 34 км делници и очекувам набрзо да пуштиме и нови. Најтешкиот дел го стабилизираме со галерии, нешто прв пат се гледаат во целиот регион, имаме 14 галерии во серија, што е огромен предизвик. Домашни фирми го прават тоа и покажуваме дека имаме капацитет како држава – истакна вицепремиерот.

Тој посочи дека тие се првата Влада која се посветила на инфраструктурата, таа им е приоритет број еден и додаде дека работат многу интензивно.

-Веќе го реконструиравме граничниот премин Деве Баир, сега ќе работиме на проширување. Ја пуштиме во функција обиколницата на Крива Паланка, го пуштивме експресниот пат од Крива Паланка до Страцин, она што останува сега е Страцин – Романовце. Планираме веќе следната година да почнеме да го работиме со поддршка на ЕУ во рамки на Планот за раст. Од Куманово преку обиколница Скопје до Тетово има автопат, од Тетово до Гостивар го градиме автопатот. Го почнавме ние како Влада да го градиме, без разлика што договорот беше потпишан претходно, од Гостивар до Букојчани преку популарната Стража, исто така, градиме автопат, ние го започнавме и овој автопат, иако претходно беше потпишан договорот – истакна Николоски.

Во однос на железницата, тој рече дека и во овој дел се работи на крупни проекти за поврзување со Бугарија.

-Во делот на железницата од Скопје до Куманово постои железничко поврзување. Кога беше избрана оваа Влада се зафати со поврзувањето со Бугарија. Минатиот јануари ја ставивме во функција пругата од Куманово до Бељаковце, сега работиме на потегот од Бељаковце до Крива Паланка и она што сум особено горд е тоа што минатата недела излезе тендерот за надзор за третата најтешката делница од 24 км, а очекуваме следната недела/две да излезе и тендерот за изградба како би имале целосно железничко повзување со Бугарија. Тука заеднички ќе го градиме тунелот и Скопје и Софија да се спојат после многу децении, нагласи Николоски.

Во делот на западната страна министерот за транспорт најави реконструкција на пругата од Скопје до Кичево.

-Работиме обиколница на Скопје со цел карго возовите да не влегуваат во Скопје за да не загадуваат. Паралелно го градиме и проектот Градски воз, а работиме и на железничката линија од Скопје, преку Јегуновце Тетово Гостивар до Кичево. Таму работиме со ЕУ на подготвителни работи и следните две години да објавиме тендер за изградба на железница од Скопје до Кичево, тоа би била првата фаза, а втотата фаза ќе зависи дали Албанија ќе се нафати дали на исти начин ќе инвестира како и ние, имајќи превид дека целата пруга би чинела две милијарди евра, споредено со целокупните инвестиции во државата на годинашно ниво кое се 750 милиони евра. Се работи за мега проект, заедно со брзата пруга на Коридор 10, се работи за потенцијална инвестиција од пет милијарди евра. Сега се работи на проект за околу две милијарди евра – истакна вицепремиерот.

Николоски додаде и дека добро одат работите околу изградбата на автопатот Прилеп-Битола, а рокот за завршување е 2029 година.

-Работата оди повеќе од добро. Имаме само една опструкција, се работи за десетина викендици на диво изградени хациенди со базени во околината на Прилеп, во месноста Ореовец. Таму има неколку лица кои си ги штитат своите хациенди и не дозволуваат на изведувачот да пристапи кон наоѓалиштето, додека на приватнен изведувач кој има каменолом во соседството нему му дозволуваат. Значи камионите на приватниот изведувач не прават потреси, бучава и загадување, а камионите за кои работат за државата предизвикуваат. Само да знае јавноста, штетата по однос на ова достигнува до 100 милиони евра, затоа што сега сме приморани да купуваме материјал од приватни каменоломи и да плаќаме за транспорот. И ако на пример овие пари ги вложиме во проекти за Могила, Новаци Прилеп, Битола, Кривогаштани и Крушево, ќе се трансформира целиот регион, а сега треба да ги даваме по приватни џебови. Очекувам во најбрзо време да се отстрани таа блокада и да почнеме да работиме – истакнат Николоски.

Тој додаде дека Министерството за транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции, дури 74 отсто што покажува одлична динамика на изградба на капиталните проекти.

-Оваа година сме на некаде 74 отсто реализација на капитални инвестиции. Ние за четири месеци сме на 74 отсто реализација што значи ни остануваат уште 26 отсто за останатите осум месеци. Ќе имаме ребаланс на буџетот, ќе замолам доколку може да имаме дополнителни средства за да реализираме нови проекти надвор од овие предвидените имајќи превид дека 3/4 од буџетот за капитални инвестиции го потрошивме. На ниво на Влада исто така бројката поминува над 36 отсто така што сум многу горд на овие проекти – истакна Николоски.

Фото: Курир

МИА

Continue Reading

Претходно: Алиу: Обезбедуваме 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата – објавена е јавната набавка
Следно: Петрушевски: Филипче служејќи му на Заев го блокира патот на Македонија за ЕУ

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани