Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

Шеталиште 16/04/2026 12:20
20260416124039_big_730x400_41

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива одлично и од изведувачот добив ветување дека следната пролет ќе се вози на првите километри, како и дека пролетта 2029 година, пред рокот, ќе имаме целосно автопатско решение од Прилеп до Битола – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Аександар Николоски пред средбата со регоналните стопански комори од Битола и Прилеп.

– Сакам да најавам три нови проекти, а тоа е обиколница кај градот Прилеп, проект што го работиме со градоначалникот на Прилеп, чија обврска е да го заврши проектирањето, а моја и обврска на Владата е обиколницата да се изгради со цел товарниот сообраќај се извади надвор од градот, вториот проект е топловодот, парно за градот Битола, проект што е во сериозна фаза, и третиот проект е гасификацијата. Ние имаме огромни проекти за овој регион, а дополнително ги помагаме општините со сериозни суми средства – беа определени 250 милиони евра за општините, средства за дополнителни проекти – посочи Николоски.

Николоски најави и дека со „МЖ Инфаструктура“ и „МЖ Транспорт“ се работи во јуни годинава да биде пуштен меѓуградски воз на релацијата Прилеп – Битола – Жабени со промотивна цена од 150 денари за повратен билет.

Пред средбата со стопанствениците Николоски изврши увид во работите на терен за изградбата на автопатот  Прилеп – Битола и, како што посочи, сите предизвици што се појавуваат на трасата на автопатот се надминуваат со добра координација на институциите и изведувачот. Интензивно се работи на 22 километри пробиена траса од вкупно 40 километри или на 55 проценти од вкупно предвидената траса.

Според Николоски, изградбата се реализира во согласност со динамичкиот план, покрај земјените работи, на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка. Во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така, забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.

– Во овој момент, според диманичкиот план и оперативните потреби, на терен се работи со над 75 машини и механизација. Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1.263 предмети, досега решени се 1.204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано – вели Николоски.

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија
Следно: Променливо облачно со сончеви периоди

Поврзани вести

policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
napad-noz-960x636-640x424
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

Шеталиште 12/05/2026 12:05
20260511094653_big_730x400_12
  • Прилеп инфо

Катерина Николовска од Прилеп ја освои титулата „Гран при Вешта жена“ за 2026 на Републичката манифестација во Тетово

Шеталиште 11/05/2026 08:10
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот 9876546789 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот

12/05/2026 20:51
Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 2
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 3
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 4
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 5
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

9876546789
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Ракометната Лига на шампиони: Германските гиганти во едно едното и финалето од пред две години во другото полуфинале е исходот

Димитар Петковски 12/05/2026 20:51
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани