Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Николоски: Орце Ѓорѓиевски ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје

Шеталиште 20/10/2025 14:31
Aleksandar_Nikoloski

Убеден сум дека и Скопје ќе го направи правилниот избор. Со самото тоа што Орце Ѓорѓиевски води со повеќе од 3:1 во првиот круг, јасно е што ќе се случи во вториот круг, односно Орце ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје, изјави денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Одговорајќи на новинарско прашање за противкандидатите во општина Карпош Стевчо Јакимовски и во Град Скопје  Амар Мециновиќ од Левица и дали очекува поддршка од СДСМ во Карпош за нивниот кандидат Сотир Лукровски и во Град Скопје за Орце Ѓорѓиевски, Николоски рече дека во Карпош противкандидатот е на „црната листа“ на САД и додаде оти веќе е осуден од Основниот суд за криминал во општината.

– Тоа е човекот кој е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош ќе имаме убедлива победа зошто жителите на Карпош сигурен сум дека дека нема да гласаат за човек кој веќе е осуден за крминал и кој е на „црната листа“ на САД повторно заради криминал и корупција и човек кој ја уништи општина Карпош, особено урбаниот дел. Можеме сите да видиме на што личи Карпош сега, а сите се сеќаваме на што личеше пред неговите мандати како градоначалник, рече Николоски.

Во однос на ПП Левица, како што рече, таму е јасна нивната ориентација. – Таа е спротивна на геостратешките определби и заложби на Македонија, што мислам дека е од огромна штета на Македонија затоа што македонскиот народ секогаш страдал кога правел погрешни геостратешки избори. Сега имаме правилен геостратешки избор. Ние сме старетешки партнери со САД, а од мај оваа година и со Велика Британија, со двете најмоќни светски сили имаме стратешки партнерства. Членки сме на НАТО, сакаме да бидеме членки на ЕУ. Тоа за жал не зависи само од нас и тоа е една од причините зошто Македонија напредува. Видете ја и економијата како движи во оваа една година и три месеци каде главниот извоз е токму кон земји од западниот свет. Така убеден сум дека и Скопје ќе го направи правилниот избор. Со самото тоа што Орце Ѓорѓиевски води повеќе со 3:1 во првиот круг, јасно е што ќе се случи во вториот круг, односно Орце ќе има убедлива победа и ќе биде градоначалник на Скопје, потенцира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што рече, сега се во таква ситуација и во такви проблеми и ќе се занимаваат со себе, а не со поддршки на било кого.

Прашан дали очекува поддршка од ДУИ за Град Скопје, Николоски рече дека и ДУИ се во таква ситуација и ќе се занимаваат повеќе со себе, а не со поддршки.

– Мислам дека е фер да ги прашаме ДУИ како е тоа возможно да имаме така интересни резултати за Левица во Чаир и дали е тоа случајно или не. Да прашаме јавно дали ќе потврдат сега дека имаа договор со Левица да ги поддржат во Скопје, а овие за возврат да извадат кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар итн. Ама таа тактика им пропадна со вчерашните избори. Нашите партнери се јасни, тоа е Коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ на Максим Димитриевски и остануваме со нив, изјави Николоски.

Прашан како ја коментира разликата од околу 130 илјади гласови споредено со парламентарните избори, Николоски рече дека локални се мерат со локални избори, парламентарни со парламентарни, а претседателски со претседателски избори.

– Така се прават споредбите. Излезеноста е некаде слична на локалните избори 2021 година, изјави Николоски

Фото: МИА 

 

Continue Reading

Претходно: Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
Следно: Ѓорѓиевски: Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 1
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 3
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 4
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 5
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20

Можеби сте пропуштиле

img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47
image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани