Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Шеталиште 24/10/2025 10:09
aleksandar-nikoloski

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет-а-тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема, бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои исто така беа примени од кралот, вели вицепрeмиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Во гостувањето на Радио Лидер, Николоски напомена дека ова ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво.

– Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имаме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања на Велика Британија која Македонија требаше прв пат да ги почне преговорите.  Потоа имавме средби со УКЕФ, со Министерството за финаниси, а клучната средба ја имаше премиерот Мицкоски  со премиерот Стармер, имаше два разговора со него, една тет-а-тет средба и втора неформална средба. Понатаму, имавме средба со министерката за надворешни работи и најзначајното, премиерот Мицкоски и јас да добиеме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на оваа држава. Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на Монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред се за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Блаканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата, истакна вицепремиерот Николоски.

Тоа, според него, е нешто што останува во историјата и што ја носи Македонија на повисоко ниво во билатералните односи со Велика Британија.

-Тоа е нешто што останува за историја и ја носи Македонија на едно ниво со оваа мудра и конструктивна политика која ја води оваа Влада и ова е продолжение на она што го почнавме во мај месец,  средбите со премиерот Стармер и Договорот што го потпишавме Влада со Влада за стратешко партнерско и тоа ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат, рече Николоски.

фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Шаренo пире од компири
Следно: Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата

Поврзани вести

IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40
televizija-horizont
  • Вести
  • Прилеп инфо

Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември

Шеталиште 12/08/2026 09:20
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре IMG_5820 1
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

12/08/2026 13:01
54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026 FB_IMG_1786534700001 2
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

12/08/2026 11:40
The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат FB_IMG_1786533114028 3
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

12/08/2026 11:20
Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември televizija-horizont 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември

12/08/2026 09:20
Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола default 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола

12/08/2026 07:34

Можеби сте пропуштиле

IMG_5820
  • Вести
  • Македонија

Бојковска: Младите не се само иднината, тие се еднакво важен чинител во општеството денес – и неговиот најголем потенцијал за утре

Шеталиште 12/08/2026 13:01
FB_IMG_1786534700001
  • Вести
  • Македонија
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

54. издание на традиционалниот ракометен турнир – Струга 2026

Димитар Петковски 12/08/2026 11:40
FB_IMG_1786533114028
  • Прилеп инфо

The Hounds денес слават 18 години рокенрол, музика и приказни што траат

Шеталиште 12/08/2026 11:20
televizija-horizont
  • Вести
  • Прилеп инфо

Телевизија „Хоризонт“ – нов локален медиум во Прилеп од 9 септември

Шеталиште 12/08/2026 09:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани