Голманот на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракометен репрезентативен голман, Никола Митревски и во иднина ќе го носи “зелено-белиот” дрес. Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27,како и со опција за продолжување и во сезоната 2027/28.
„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина“, порачаа од македонскиот ракометен шампион Е.Пелистер.


