Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Технологија

Новата апликација Тредс собра 5 милиони корисници во првите четири часа од лансирањето

admin 06/07/2023 00:00
Тредс-Мета-скриншот-702x336-1

Новата апликација на Мета наречена Тредс (Нишки) собра пет милиони корисници во првите четири часа од пуштањето во употреба, изјави сопственикот на компанијата, Марк Закерберг.

Апликацијата за текстуална комуникација треба да биде конкуренција на Твитер на Илон Маск, и нуди подолги објави, промоција од повеќе славни личности и познати компании, како и многу сличен изглед со конкурентната социјална мрежа.

Тредс е достапен во 100 држави низ светот, меѓу кои и во Македонија преку продавниците на Епл и Гугл, но нема да биде достапен во Европската Унија поради регулаторни пречки.

Брендовите како Билборд, ХБО, НПР и Нетфликс отворија профили на новата мрежа само неколку минути по промоцијата. Мета велат дека меѓу нивните поддржувачи се и Шакира и Гордон Ремзи, а според последните информации Мета е во преговори за промовирање на платформата и со Опра Винфри и Далај Лама.

Корисниците на Тредс мора да имаат Инстаграм профил за да се вклучат на платформата. Откако ќе се пријават, можат да изберат да ги следат истите профили кои ги следат на Инстаграм доколку и тие се приклучиле на новата апликација.

Тредс изгледа многу слично на Твитер визуелно, иако дел од називите се променети. Така на пример ретвитите се наречени „репостови“, а твитовите се наречени „тредс“. Мета и во минатото има копирано конкурентски производи, како што на пример беше опцијата за рилсови, која е многу слична со кратките видеа на ТикТок.

Објавите на Тредс можат да бидат долги по 500 карактери, за разлика од ограничувањето од 280 карактери кај најголемиот дел од Твитер корисниците. Видеата можат да бидат долги до пет минути, а објавите ќе можат да бидат споделувани како линк на други платформи. Корисниците можат да отследуваат, блокираат, ограничуваат и да ги пријавуваат другите корисници. Корисниците исто така ќе имаат пристап до филтер, со кој можат да ограничат реплики со одредени зборови во нив.

Мета ја лансираше Тредс во тек на нов турбулентен период со кој се соочува Твитер, откако конкурентската компанија воведе лимит на број на твитови кои корисниците можат да ги погледнат дневно.

„Сметам дека треба да постои апликација за јавна комуникација со 1 милијарда луѓе на неа. Твитер имаше можност да го направи тоа, но не успеа. Се надевам дека ние ќе успееме“, напиша Закерберг во неколкуте последователни објави на Тредс.

Реакциите на првиот ден од промовирањето на новата апликација се движат од оние кои гледаат со ентузијазам на новата платформа, до оние кои се сомничави. Многумина ја пофалија леснотијата на користење на апликацијата, а дел од корисниците велат дека Илон Макс треба да биде загрижен од ваквиот развој на настаните. Други, пак, посочија дека брзата интеграција на апликацијата со Инстаграм покажува колку моќна станала Мета. Сепак, иронично, најголем дел од овие дискусии се одвиваа на Твитер, каде хаштагот #Threads синоќа стана вирален.

Мета го опишува Тредс како „нов, одделен простор за објави во реално-време и јавни дискусии“, со цел „да се земе она што најдобро го прави Инстаграм и да се прошири на текст, создавајќи позитивен и креативен простор за изразување на идеи“.

Твитер има вкупно 250 милиони корисници, додека Инстаграм има дури 2 милијарди корисници.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (06.07.2023)
Следно: СВР-Битола во првите шест месеци одзеле различни видови дрога

Поврзани вести

Man sleeping in the comfortable bed
  • Живот
  • Здравје

Истражување: Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Шеталиште 24/07/2026 10:27
lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
robot-sah
  • Живот
  • Технологија

Руски научници конструираа робот шахист со вештачка интелигенција

Шеталиште 23/04/2026 13:46
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани