Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Нова група од 153 македонски граѓани денеска ќе се евакуираат од Блискиот Исток

Шеталиште 11/03/2026 08:20
evakuacija-od-izrael-so-vladin-avion-800x450

Нова група македонски државјани кои се пријавиле за евакуација од Блискиот Исток денеска ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се работи за 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија. Тие ќе се вратат со специјален лет од аеродромот во Ријад, а ќе слетаат на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз до Скопје.

Целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, се покриени од страна на Владата. Претходно, Министерството информираше дека за македонските државјани е организиран автобуски превоз од Кувајт, Катар и Бахреин до аеродромот King Khaled во Ријад.

Вчера со лет од Дубаи евакуирани беа 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 11 државјани на Косово, 7 на Србија, по двајца државјани на Босна и Херцеговина и на Албанија и по еден државјанин на Германија, Ерменија и на Црна Гора.

„Безбедно е евакуирана втората група македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати кои со специјално организиран лет безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за 150 патници, најголемиот дел од нив македонски државјани, кои успешно и безбедно се вратија во државата. Процесот на евакуација беше реализиран врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, при што организацијата на летот беше спроведена од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Трошоците за овој и за останатите летови се целосно покриени од државата“ изјави вчера министерот Тимчо Муцунски.

Претходно, 151 патник беше евакуиран од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство. Во првата евакуација на македонски граѓани по почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, со владиниот авион беа евакуирани шест македонски државјани од Израел, кои полетаа од Шарм ел-Шеик во Египет пренесува мета.мк

Continue Reading

Претходно: Пролетно време денес – сонце и температури до 20 степени
Следно: Нафтата поевтинува, ИЕА размислува за ослободување на резерви

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

14/09/2026 04:50
ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 4
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36

Можеби сте пропуштиле

filip-savovski-makedonija-vs-gruzija-odbojka
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби против најголемиот фаворит Полска, шансата ќе ја бараме против Португалија и Израел

Димитар Петковски 14/09/2026 04:50
mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани