Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04

Само неколку дена по оптимистичките најави за можен договор меѓу Вашингтон и Техеран, безбедносната состојба во Ормускиот теснец повторно се влошува, откако американски медиуми објавија дека Иран во текот на ноќта лансирал беспилотни летала кон трговски бродови што пловеле низ стратешкиот поморски премин.

Според „Фокс њуз“, американските сили пресретнале и собориле два ирански дрона-самоубијци. Висок претставник на американскиот одбранбен систем изјавил дека постојат индиции оти Иран се обидел да нападне трговски бродови кои минувале низ Ормускиот теснец. објави Скопје1.мк

„Американските сили соборија два ирански еднонасочни нападни дрона. Сообраќајот низ теснецот и понатаму се одвива“, изјавил претставникот.

Во исто време, иранските државни медиуми објавија информации за експлозии во близина на крајбрежниот град Сирик, на југот на Иран. Според нив, станувало збор за инцидент поврзан со брод кој наводно ги прекршил ограничувањата за пловидба.

Државната телевизија ИРИБ соопшти дека се работи за танкер кој, по предупредување од морнарицата на Иранската револуционерна гарда, бил принуден да ги почитува забраните за премин.

Најновите случувања покажуваат дека, и покрај дипломатските сигнали за можна деескалација, тензиите во регионот остануваат високи. Ормускиот теснец и натаму е една од најчувствителните точки во глобалниот поморски сообраќај, преку која минува значителен дел од светската трговија со нафта.

Во изминатите недели, САД и Иран изнесуваат спротивставени ставови за режимот на пловидба во теснецот. Додека Техеран настојува да воведе ограничувања и надоместоци за премин, Вашингтон се залага за целосно и непречено отворање на овој клучен поморски коридор за меѓународниот сообраќај.

Continue Reading

Претходно: Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо
Следно: ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари, нуди 2.150 евра за три месеци

Поврзани вести

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година JM2_9167-530527_16by9-Large 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

12/07/2026 20:50
Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 4
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 5
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39

Можеби сте пропуштиле

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани