Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Технологија

Нова литиум-јонска батерија со помал ризик од пожар

Шеталиште 24/12/2025 11:00
Litiumska-baterija

Кинески истражувачи развија нов вид литиум-јонска батерија што значително ја намалува опасноста од прегревање и пожар.

Новиот пристап на научниците од Универзитетот на Хонгконг ја менува хемијата на батеријата, а не процесот на производство, така што иновацијата може брзо да се воведе во постојните производствени линии, а воедно да се одржат високи перформанси. Концептот, имено, го заменува стандардниот течен електролит во батеријата со мешавина од два растворувачи чувствителни на температура. Електролитот е целата хемиска супстанција во батеријата што им овозможува на јоните да течат меѓу катодата и анодата, а кај литиум-јонските батерии, електролитот обично содржи растворувач и литиумска сол. Растворувачот е течниот дел од електролитот што ја раствора литиумската сол и овозможува јонска спроводливост.

Според новото откритие на кинеските научници, на нормални температури, првиот растворувач ја одржува стабилноста и перформансите на батеријата, додека вториот реагира на прегревање и го спречува зголемувањето на температурата што инаку би можело да доведе до пожар. Истражувачите веќе преговараат со производителите на батерии, а комерцијалните производи со оваа технологија би можеле да се појават на пазарот за три до пет години.

Лабораториските тестови покажуваат дека батеријата со новиот електролит, кога се прободува со шајка, се загрева само за 3,5 Целзиусови степени, додека температурата кај стандардните батерии во ист случај се искачува на 555 степени, што е доволно за да го стопи металот.

Независни стручњаци го оценуваат истражувањето како иновативно и значајно, бидејќи ја подобрува безбедноста без да се изгубат перформансите, а трошоците за воведување на оваа технологија се само малку повисоки од стандардното производство.

Литиум-јонските батерии напојуваат повеќето модерни уреди како што се паметни телефони и лаптопи. Тестирањето за поголеми батерии, како оние за електрични автомобили, сè уште е во тек, но научниците се оптимисти.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја
Следно: Најволшебното село на Балканот: Божиќна магија што го воодушевува светот

Поврзани вести

lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
robot-sah
  • Живот
  • Технологија

Руски научници конструираа робот шахист со вештачка интелигенција

Шеталиште 23/04/2026 13:46
smart
  • Живот
  • Автомобили

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември

Шеталиште 23/04/2026 13:40
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња 20230714091737 1
  • Македонија

Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња

14/07/2026 08:53
Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза asd 2
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

14/07/2026 08:18
Вашингтон подготвува „економска бомба“ за Москва: 500% царини за земјите што купуваат руска нафта nafta-burinja 3
  • Свет

Вашингтон подготвува „економска бомба“ за Москва: 500% царини за земјите што купуваат руска нафта

14/07/2026 08:17
Сончево со температури до 36 степени sonce-1 4
  • Македонија

Сончево со температури до 36 степени

14/07/2026 08:12
Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра! 2345678 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра!

13/07/2026 18:53

Можеби сте пропуштиле

624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (14.07.2026)

Шеталиште 14/07/2026 08:54
20230714091737
  • Македонија

Ги славиме Св. Козма и Дамјан: Изговорете ја оваа молитва за здравје на најмилите и честитајте именден на овие имиња

Шеталиште 14/07/2026 08:53
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
nafta-burinja
  • Свет

Вашингтон подготвува „економска бомба“ за Москва: 500% царини за земјите што купуваат руска нафта

Шеталиште 14/07/2026 08:17

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани