Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

Шеталиште 30/10/2025 14:34
poshtenska marka

По повод одбележувањето на 25-годишнината од историската Резолуција 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации за жените, мирот и безбедноста, Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија и Поштата на Северна Македонија ја промовираат пригодната поштенска марка и поштенски жиг посветени на женското лидерство во градењето мир и безбедност, информираат од Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Резолуцијата 1325, усвоена на 31 октомври 2000 година, велат оттаму, ја признава клучната улога на жените во спречувањето и решавањето конфликти, во мировните преговори, изградбата на мирот, мировните мисии, хуманитарните одговори и постконфликтната обнова.

-Пригодната поштенска марка и поштенски жиг се дело на Нита Хаџихамза Гаши, талентирана дизајнерка и феминистка позната по своето смело визуелно изразување. Дизајнот прикажува жена што стои исправено и непоколебливо, таа е симбол на отпорност и сила, додека пушта бел гулаб што слободно се издигнува кон небото. Гулабoт го претставува универзалниот повик за мир, кој одекнува со надежта што секоја жена и девојче ја носи во себе за побезбеден, поправеден и порамноправен свет. Колоритните сино-жолти нијанси и чистите линии на дизајнот ја доловуваат и нежноста и решителноста, ја претставуваат трајната сила на жените кои водат, штитат и градат заедници дури и во времиња на неизвесност, велат од Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија. вели дека оваа пригодна марка е прекрасен потсетник за храброста, истрајноста и непоколебливата посветеност на жените за мирот и дека мирот не се создава само на преговарачките маси, туку и во домовите, заедниците и срцата каде што жените секојдневно стојат на првата линија.

– Таа испраќа силна порака за идните генерации дека траен мир и безбедност не може да се постигнат без еднакво учество, лидерство и глас на жените. Мирот е надеж и хармонија, и е повеќе од отсуство на конфликт. Мирот почнува со нас самите, вели Ивановиќ-Кастаред.

Иницијативата претставува партнерство меѓу UN Women и националните институции во унапредување на Агендата за жените, мирот и безбедноста. Во изминатите 25 години, оваа агенда стана темел на глобалните заложби за поголемо учество на жените во процесите на донесување одлуки во секторите за одбрана и безбедност.

-Поштенската марка е повеќе од симбол, таа патува, носи пораки, поврзува луѓе и раскажува приказни. Оваа поштенска марка ја раскажува приказната за жените кои градат мостови таму каде што некогаш постоеле ѕидови, за нивната сила што го одржува мирот, истакнува Димитар Димитровски, аналитичар за комуникации во UN Women Северна Македонија и додава дека „секое писмо што ќе ја носи оваа марка ќе понесе симбол и желба, мирот да стигне до секој дом и секое срце.“

Со оваа иницијатива, Северна Македонија се приклучува кон глобалните заложби за оддавање признание на наследството на Резолуцијата 1325 и потврдување на посветеноста за зајакнување на жените како креаторки на мир и безбедност во своите заедници, но и во светот.

Пригодната поштенска марка и поштенскиот жиг се достапни преку Поштата на Северна Македонија на 30 октомври 2025.

Фото: Канцеларија на UN Women во Северна Македонија

Continue Reading

Претходно: СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата
Следно: За викендот суво, од понеделник при крајот на денот повторно дожд

Поврзани вести

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео) FB_IMG_1786179200537 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

08/08/2026 17:45
Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 2
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 3
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 5
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786179200537
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Престон Лајонс го победи ривалот од грчката заедница Хајделберг Ј. и го освои Докерти купот (Видео)

Димитар Петковски 08/08/2026 17:45
TOM_8493
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:55
Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (08.08.2026)

Шеталиште 08/08/2026 14:23
2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани