Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Нови правила, критериуми и забрани за фотоволтаични централи и ветерни електрани во Грција

Шеталиште 20/05/2026 15:33
veternici-660x500

– Забрана за поставување фотоволтаични централи во заштитени подрачја од мрежата НАТУРА 2000, во шуми и национални паркови, забрана за поставување ветерни електрани во Солун и Атина, на места на надморска над 1,200 метри и на мали острови, предвидува, меѓу другото, новата специјална просторна рамка за обновливи извори на енергија на Министерството за животна средина и енергетика на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за животна средина и енергетика на Грција информираа дека новата рамка, што е ставена на јавна расправа, поставува појасни и построги правила, ја заштитува животната средина, но и локалните заедници, а првата ваква рамка била воспоставена во 2008 година, како основа за развој на секторот на обновливи извори на енергија во земјата.

Посочија дека над 50 отсто од електричната енергија што се троши во Грција е од обновливи извори на енергија (ОИЕ), земјата е на трето место во светот по уделот на сончевата енергија и на деветто место по ветерна енергија, а од 2024 година, стана нето извозник на електрична енергија.

– Овој напредок бара правила, планирање и рамнотежа.

Реалната енергетска транзиција се гради со кохерентност, земајќи ги предвид природата и човечката активност, а се потпира на просторното планирање што обезбедува рационално поставување на ОИЕ, заштита на животната средина и праведна распределба на придобивките.

Токму кон ова се стреми новата специјална просторна рамка за ОИЕ: да воспостави јасни правила, критериуми и ограничувања за локација на проектите, земајќи ги предвид еколошките, социјалните и економските услови за следните децении, информираа од надлежното Министерство.

Поконкретно, за фотоволтаичните електрани не е дозволено да се постават во сите заштитени подрачја од мрежата НАТУРА 2000, во шуми и шумски површини, во национални паркови, во подрачја карактеризирани како места со посебна природна убавина, во места прогласени за заштитени споменици на светско културно наследство, на плажи за капење, а паралелно се воведуваат нови критериуми и правила поврзани со локацијата.

За ветерните електрани, забрането е да бидат поставени во Атика, поширокиот регион на Атина и во Солун, во подрачја со надморска височина поголема од 1,200 метри, во подрачја карактеризирани како места со посебна природна убавина и во срцата на националните паркови, во зони на заштита на природата, на острови со површина помала од 300 квадратни километри, освен ако се работи за покривање на потреби од јавен интерес на конкретниот остров (на пример постројки за десалинизација), во подрачја со висока туристичка развиеност, на плажи за капење.

 

Новата рамка не ги вклучува проектите што веќе се во функција, оние кои веќе имаат добиено еколошка дозвола, како и фотоволтаиците што се поставуваат на покриви на згради.

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Куп на Македонија: Четврт трофеј за кратовски Силекс или трето славје за тетовска Шкендија (20:00 часот МРТ)
Следно: Прилепските пожарникари се подготвени за летната сезона и очекуваат зајакнување на човечките и потенцијалите во опрема

Поврзани вести

img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
more-solunfb-696x368
  • Балкан

Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба

Шеталиште 10/06/2026 19:33
grcija-rabotnici-patista-gradezni
  • Балкан

За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата

Шеталиште 10/06/2026 19:28
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани