Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Нови тензии на Блискиот Исток: Цената на нафтата повторно над 95 долари

Шеталиште 28/05/2026 07:37
nafta-1

Нови тензии на Блискиот Исток повторно предизвикаа нестабилност на светските енергетски пазари, при што цената на суровата нафта бележи значителен раст, а азиските берзи денеска се отворија во негативна зона.

Цената на нафтата „Брент“ повторно се искачи над 95 долари за барел, додека американската сурова нафта надмина 91 долар за барел, објави 4news.mk Аналитичарите оценуваат дека пазарите реагираат на обновените тензии меѓу САД и Иран, како и на стравувањата од можна ескалација во регионот.

Клучните берзански индекси во Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија забележаа пад уште на отворањето на тргувањето, пренесува Индекс.хр. Трговците внимателно ја следат безбедносната состојба и информациите за судирите, кои се случуваат паралелно со разговорите за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран.

Дополнителна загриженост предизвикува и ситуацијата околу Ормускиот теснец – еден од најважните светски поморски правци за транспорт на нафта.

Според американски официјален претставник, американската војска во текот на ноќта извела нови напади врз воени локации во Иран, а биле соборени и четири ирански борбени дронови кои претставувале закана во близина на Ормускиот теснец пренесува 4њуз.

Неименуваниот претставник за агенцијата „Ројтерс“ изјавил дека во воздушен напад била погодена иранска копнена контролна станица во градот Бандар Абас, од каде што наводно требало да биде лансиран уште еден дрон.

– Овие акции беа внимателно одмерени, исклучиво одбранбени и имаа цел да го одржат примирјето – изјавил американскиот претставник, објави 4news.mk

Во меѓувреме, американскиот претседател Donald Trump ги отфрли тврдењата на иранските државни медиуми дека Иран и Оман ќе управуваат заеднички со сообраќајот низ Ормускиот теснец како дел од мировен договор со САД. Тој порача дека пловниот пат ќе остане отворен.

САД претходно извршија, како што наведоа, „одбранбени удари“ врз Иран, потег што Техеран го оцени како прекршување на примирјето кое е во сила од 8 април.

Од Централната команда на американската војска (CENTCOM) тогаш соопштија дека цел на нападите биле чамци кои се обидувале да постават мини, како и позиции за лансирање ракети кои претставувале закана за американските сили.

Continue Reading

Претходно: Денеска се слави споменот на Преподобен Пахомиј Велики и Свети Ахил
Следно: Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус

Поврзани вести

evra-pari-evra
  • Економија

Девизните резерви 5,21 милијарда евра

Шеталиште 10/06/2026 07:29
gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

Шеталиште 08/06/2026 11:49
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Повторно скокна цената на нафтата

Шеталиште 08/06/2026 07:38
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска sv-teodosija 1
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

11/06/2026 07:22
И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер Soncevo_0-1 2
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

11/06/2026 07:12
Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега? el-ninjo 3
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

10/06/2026 19:37
Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба more-solunfb-696x368 4
  • Балкан

Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба

10/06/2026 19:33
За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата grcija-rabotnici-patista-gradezni 5
  • Балкан

За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата

10/06/2026 19:28

Можеби сте пропуштиле

sv-teodosija
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

Шеталиште 11/06/2026 07:22
Soncevo_0-1
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

Шеталиште 11/06/2026 07:12
svetsko-prvenstvo
  • Фудбал

Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Шеталиште 11/06/2026 07:11
el-ninjo
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

Шеталиште 10/06/2026 19:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани