Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт
  • Останати

НОВИ ТИТУЛИ, НОВИ ПОБЕДИ – АК ОЛИМП ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПИШУВА УСПЕШНАТА СЕЗОНА

Шеталиште 08/06/2026 13:27
f9893445dd9161037c72329609881103

Уште еден викенд исполнет со медали, титули и победи за атлетичарите на АК Олимп.

Клубот продолжува со серијата одлични резултати, овојпат на Националното првенство за младинци и на една од најмасовните атлетски манифестации во државата, трката „Охрид Трчат“.

На Националното првенство за младинци, Дарија Крстевска уште еднаш ја потврди својата доминација во средните патеки, освојувајќи две златни медали во дисциплините на 800 и 1500 метри.

Блескав настап имаше и Максим Пауер, кој со три освоени титули беше еден од најуспешните натпреварувачи на првенството. Тој триумфираше на 800, 1500 и 5000 метри, покажувајќи исклучителна подготвеност и разновидност.

Успешниот настап на младинската екипа го заокружи и Матеја Матеевска со освоеното петто место во дисциплината скок во далечина.

Победничката серија продолжи и на „Охрид Трчат“, каде атлетичарите на АК Олимп повторно се најдоа на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Григоријан Никовски беше најбрз на трката на 5 километри, додека Греса Бакрачи триумфираше на главната полумаратонска трка, потврдувајќи ја одличната форма на олимповците и надвор од стадионската атлетика.

Овие резултати претставуваат уште една потврда за континуираната работа, посветеност и развој на клубот, кој во изминатиот период бележи историски успеси на национално ниво.

Од младинските категории до сениорската конкуренција, АК Олимп продолжува да создава шампиони и да ја потврдува својата позиција како еден од водечките атлетски клубови во Македонија, клуб кој успешно ја спојува богатата традиција со новата генерација македонски атлетски таленти.

Continue Reading

Претходно: Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година
Следно: Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
trajkov-pelister-2
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Ангеловски го почна процесот на ‘градење’ на млад и силен – Eурофарм Пелистер 2

Димитар Петковски 10/07/2026 14:24
23456789
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија против домаќинот Словачка на отворањето на Европското првенство (Живо)

Димитар Петковски 10/07/2026 11:01
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани