Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат два денари, дизелот поевтинува 2,5 денари

Шеталиште 27/04/2026 17:58
gorivo-pumpa-750x350-2

Дизелот надолу, бензините нагоре. Регулаторна ги донесе новите цени на горивата. Од ноќеска дизелот поевтинува за два и пол, а бензините поскапуваат за два денари.

Ова следи по најавите од Владата дека трендовите на светските пазари ќе донесат вакви корекции, при што, според премиерот Мицкоски, државата со навремени мерки успева да ја задржи ценовната стабилност и да избегне поголеми шокови и покрај увезената енергетска криза и зголемената регионална побарувачка.

Тонско: Христијан Мицкоски – премиер

Од опозициската СДСМ велат, економската состојба се влошува,а владините политики не даваат резултати. Лидерот на партијата, Венко Филипче, на својот профил на Х порача дека народот никогаш не живеел полошо.

„Сега, кога граѓаните и работниците отворат фрижидер дома и кога ќе погледнат во паричникот, јасно гледаат каков е вистинскиот стандард со оваа криминална власт.

Народот никогаш не живеел полошо. Мицкоски сака да нè убеди дека сме „трета економија во Европа“… па тоа баш го гледаат граѓаните.“

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов смета дека Владата прави погрешни проценки и дека реалната слика е поинаква кога цените на горивата ќе се споредат со куповната моќ на граѓаните. Ја повикува Владата да воведе таргетирани мерки за поддршка на ранливите категории граѓани, предупредувајќи дека токму тие најсилно ги чувствуваат ценовните удари од енергетската криза.

Во меѓувреме, граѓаните се жалат дека цените во продавниците континуирано растат, а секое поместување на цените на горивата дополнително го зголемува притисокот врз домашниот буџет. Сепак, од мелничко-пекарската индустрија засега се воздржани со конкретни оценки за влијанието на кризата.

Оттаму велат дека сè уште немаат направено детална анализа по најновите одлуки и чекаат заеднички став по состаноците со надлежните институции. Дел од производителите додаваат дека во моментов состојбата е стабилна, но неизвесноста околу тоа колку ќе трае кризата остава простор за загриженост во наредниот период.

Continue Reading

Претходно: Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот
Следно: Од европско искуство до домашно здравство: д-р Афродита Аџиоска дел од кардиолошкиот тим во прилепската болница

Поврзани вести

gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Цената на нафтата продолжува да расте

Шеталиште 13/05/2026 09:38
2430029_zlato-nemecko-usa-stahovani-evropa-1
  • Економија

Грам злато денес чини 128 евра

Шеталиште 13/05/2026 07:31
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Расте цената на нафтата

Шеталиште 12/05/2026 09:27
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани