Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Нови 10 жаришта на сипаници кај овци и кози, АХВ уверува дека нема опасност за луѓето

Шеталиште 16/07/2026 07:54
ovci

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17, со повеќе од 2.700 приемчиви животни. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), новите случаи се регистрирани во Саса (Македонска Каменица), Соколарци (Чешиново–Облешево), Бигла и Косевица (Делчево), Малино (Свети Николе), Сопот (Куманово), како и во селото Цера.
Од институцијата нагласуваат дека болеста не претставува опасност за луѓето, но предизвикува сериозни последици врз сточарството.

-Болеста сипаници кај овци и кози не се пренесува на луѓето. Сите мерки што се преземаат имаат цел да се спречи понатамошното ширење на заразата и да се заштити сточниот фонд-  информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Досега се депопулирани (усмртени) повеќе од 1.400 животни, а постапката продолжува и во новопотврдените жаришта веднаш по обезбедувањето соодветни локации за нивно нештетно отстранување. Во текот на вчерашниот ден беше спроведена депопулација и на заразеното одгледувалиште во селото Сопот, Куманово.
АХВ воведе низа заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста. Забрането е движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони, освен во строго контролирани случаи за колење во одобрени кланици. Воедно, на целата територија на државата е забранета работа на добиточните пазари за овци и кози, како и организирање изложби и други собири на овие животни.

-Сопствениците се должни секој сомнеж за заболување или угинување на животни да го пријават во рок од 24 часа до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар- апелираат од АХВ.

Одгледувачите се задолжени да применуваат строги биосигурносни мерки – ограничување на движењето на лица и возила, задолжителна дезинфекција, користење заштитна опрема и водење евиденција за сите влегувања и излегувања од фармите.
Агенцијата појаснува дека суровото млеко и производите од овчо и козјо млеко од заштитните зони може да се пуштат во промет само по соодветен термички третман (пастеризација).
Во меѓувреме, експертска група на АХВ ја анализира актуелната состојба и можноста за евентуална вакцинација како дополнителна мерка во борбата против болеста.

– Континуирано ја следиме епидемиолошката состојба и ги разгледуваме сите можности за поефикасно справување со болеста, вклучително и евентуална примена на вакцинација- соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство пренесува слободен печат.

Според официјалните податоци, првото жариште годинава беше потврдено на крајот на јануари во селото Лопате, а од тогаш болеста се прошири во повеќе општини во источниот и североисточниот дел од државата. Агенцијата повторно апелира до сточарите строго да ги почитуваат сите пропишани мерки за да се спречи понатамошно ширење на заразата.

Continue Reading

Претходно: До 24 јули отворен повикот за грантови за нови вработувања
Следно: Денеска го празнуваме Светиот маченик Јакинт

Поврзани вести

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани