Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Новореденче од Прилеп почина од сепса на Детската клиника во Скопје

admin 13/11/2023 00:00
20230724165215

Мајката на детето на социјалните мрежи го обелодени случајот за смртта на нејзиното трето дете, за што, според неа, биле виновни докторите од прилепската болница – јавува ТВ Сител

Бебе, кое се родило пред само десет дена во Прилеп, починало од сепса на Детската клиника во Скопје. Мајката на починатото новороденче вели дека таа родила здраво машко дете на 27 октомври, а дека два дена по пораѓањето лекарите во прилепската болница ѝ кажале дека новороденчето треба да се зрачи поради жолтица. Овој процес траел цела ноќ, а детето потоа било препратено на лекување на Детската клиника во Скопје со објаснување дека таму имаат подобра опрема за лекување жолтица.

„Што се случуваше таа вечер, ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел. Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да им вика, што направиле со него. Му направила уште една крвна слика која сега ми кажува ‘беше супер’ и дека немало никакви знаци на инфекција“, пишува мајката.

Мајката на починатото дете ја обвинува прилепската болница за негрижа и лоша хигиена во родилиштето.

Од Детската клиника за Сител рекле дека новороденчето било донесено во тешка состојба, на кислородна поддршка, а кратко потоа состојбата се влошила. Во меѓувреме откажале бубрезите на новороденчето, па седум дена од приемот на скопската клиника тоа починало. Сите анализи, велат од Клиниката, укажувале на рана сепса која била добиена во текот на пораѓањето.

Директорката на Детската клиника, Стојка Нацева-Фуштиќ, за МИА изјави дека новороденчето било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.

„Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува во првите четири дена и, најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено пукнат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира… немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на Клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса“, вели директорката на Детската клиника.

Од прилепската болница го потврдија развојот на настаните како што го опишала и мајката, но додадоа дека жената претходно имала вагинална инфекција.

„Поради анамнестички податок за инфекција со Mycoplasma кај мајката и вагинална инфекција, земена е крвна слика и таа е со уреден наод“, велат од прилепската болница.

Continue Reading

Претходно: Вечерва традиционална ноемвриска изложба во Битола
Следно: Сончево време со мала локална облачност

Поврзани вести

mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 1
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 3
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29

Можеби сте пропуштиле

mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани