РК Илинден вчера објави ново име кое ќе седи на нивната клупа во името на Дејан Пецаковски. Пецаковски ќе му биде помошник на главниот тренер на РК, Дарко Јанев, кој порано беше селектор на јуниорската репрезентација на Македонија.
Пред неколку денови во ракометната и македонска јавност беше објавено дека е формиран РК Илинден, клуб создаден со јасна визија, силна мисија и искрена посветеност кон развојот на младите ракометари во општина Илинден. Целта е да се создаде средина во која младите таленти ќе имаат можност да се развиваат, да се афирмираат и да изградат успешна сениорска кариера. Проект зад кој стојат познати имиња од македонскиот ракомет како: Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски ,Марио Танковски.

Битолчанецот, Пецаковски беше дел од повеќе клубови во Македонија во својата кариера, настапувајќи за: Пелистер, Металург, Вардар, Зомимак, Работник, Пролет како и во Тунис за клубот Африкан. Главниот тренер Дарко Јанев пак во својата играчка кариера ги бранеше боите на: Вардар, Куманово, Зомимак Струмица, МРК Вардар, Пролет, Охрид и Пелистер како и во Катар во Ел Араби, исто така беше и јуниорски репрезентативец на Македонија.
Фото: Ракометен клуб „Илинден“

